• Latest

СДСМ и ДУИ во владина коалиција, опозицијата негодува, првите честитки пристигнаа

August 19, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СДСМ и ДУИ во владина коалиција, опозицијата негодува, првите честитки пристигнаа

August 19, 2020 09:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната средба помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ,Зоран Заев и Али Ахмети, се постигна договор за владина коалиција во чиј состав се партиите од коалицијата „Можеме“ – СДСМ – Беса, ДУИ и ДПА.

По средбата, Заев  изјави дека ја прецизирале и потврдиле рамката за идната соработка меѓу владината коалиција.

-Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Заев изјави дека особено им било важно постигнување на брз договор за владина коалиција поради потребата за брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, а со цел справување со здравствените и со сите други предизвици поврзани со Ковид-19.

Договорот помеѓу СДСМ и ДУИ  треба да го потврдат највисоките тела на партиите, веќе во текот на денешниот ден, како што најавија двајцата лидери.  Заев  изјави дека договорот ќе го презентира и пред партиите дел од коалицијата „Можеме“, како и пред ДПА, како иден владин партнер.

Али Ахмети – ДУИ  по средбата изјави дека е многу убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното.

– Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат.

На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено.

Ахмети изрази увереност дека одлуката ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ.

Двајцата лидери потврдија дека ДУИ ќе предложи премиер на сто дена пред завршување на мандатот на оваа Влада. Дел од нивниот договор е укинување на техничка влада и премиер за што поддршка дава и најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ.

– Техничка влада се укинува, технички премиер се укинува, а на сто дена пред истекот на мандатот на владата коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, на предлог на ДУИ, ќе го постават премиерот. Тој ќе ја води владата во последните 100 дена од редовниот мандат, рече Заев.

-Верувам дека тоа го јакне партнерството, а тоа ќе ги осигура граѓаните. На крајот имала РСМ министер за надворешни работи Албанец, министер за одбрана, председател на Собрание,…, државата продолжува да биде сигурна, безбедна, напредна, успешна… Мене ми е голема чест што успеавме да постигнеме коалициски  договор во којшто ја добивам токму јас честа да бидам претседател на идната македонска влада во полн четиригодишен  мандат, потенцираше Заев.

Ахмети изјави дека идејата била да се доближат граѓани и заедниците, а не да се раздвојат.

-Морам да му признаам на Заев за храброста и да поздравам дека ќе има Албанец премиер во последните сто дена од оваа влада. Многу значајни, битни и храбри работи направивме. Ова се години на храбри одлуки кои ги носат само храбри луѓе, истакна Ахмети.

Претседател на Собранието и во наредниот период останува Талат Џафери од ДУИ.

Заев пред јавноста  претстави дел од принципите на новата Влада, која ќе ја предводи тој во полн четиригодишен мандат.

– Кадровската понуда ќе се води од принципите за еднакво општество за сите, како и од силната волја за рамноправно учество на мажите и жените во извршната власт. Во владата нема да се предлагаат министри без ресор со исклучок на вицепремиерските места, рече Заев, и  најави јакнење на стандардот на граѓаните, и врвна желба, како што кажа, платите да продолжат да растат, да се продолжи со странски инвестиции во државата.

И Заев  и Ахмети се согласиле да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на потеклото пари и капитал кај секој функционер по пат на систем што заеднички ќе биде договорен. Исто така најавува зголемување на отчетноста на сите институции, но и намалување на привилегиите на функционерите.

СДСМ и ДУИ се согласиле приоритетно да ги спроведуваат сите реформи во однос на нашето членство во ЕУ.

-Ќе се укине пржинската влада преку измени во Законот за влада. Ќе се работи на промена и унапредување на изборниот модел веќе за следните локални избори. Ќе се работи на моделите за намалување  на обемот на администрацијата за 20 проценти преку спојување на функциите и надлежностите на институциите, а со цел  граѓаните да добијат поквлаитетни, подобри и побрзи услуги. Во првите шест месеци ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор кои останаа нераспоредени во државните институции, а институциите ќе ги одобрат барањата на вработените за признавање на образованието согласно последните промени во Законот за вработени во јавната администрација и јавниот сектор којшто Парламентот во претходниот состав веќе ги донесе, рече мандатарот.

Заев најави дека во Собранието законите ќе се поднесуваат заеднички  после претходна координација  и усогласување при што најмалку еднаш на две недели ќе биде утврден ден за гласање на закон со цел побрзо спроведување на реформите во легислативата, но и рационализација во работењето на Парламентот и на пратениците.

На заедничката прес конференција по средбата, лидерот на ДУИ, Ахмети, изјави  дека при постигнувањето на договорот приоритет биле гражаните и потребата што поскоро да се конституираат институциите.

– Јас сум сигурен дека нашата денешна одлука ќе биде поздравена од сите граѓани, а секако ќе биде поздравена и од нашите партнери од меѓународната заедница кои многу ни помогнаа во нашите напори. Многу е значајно дека денешната колаиција е поставена на здрави темели и ќе проидонесе за добар тек на сите процеси во државата. Убеден сум дека ова партерство кое го надрадуваме за уште 4 години ќе биде успешно, на следната влада и на оваа коалиција им  посакувам успех. Господ да ни е напомош – рече Ахмети.

На новинарско прашање зошто се откажал од премиер Албанец, тој истакна дека идејата била да се доближат граѓаните, а не да се раздвојат.

На вчерашниот договор за владина коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, реагираа од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, нарекувајќи ја новоформираната влада нелегитимна и измамничка.

-Како прво, е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја, соопштија од АА и Алтернатива.

ВМРО-ДПМНЕ  соопштија дека новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција.

-Единствениот и најголем именител на коалицирањето се криминалот и лагата. Ќе потсетиме дека Заев за ДУИ пред изборите рече дека пет пари не вредат, а ДУИ за СДСМ рече дека се криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Првите честитики за договорот помеѓу Заев и Ахмети за формирање нова влада, дојдоа одалбанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цака, кој во телефонски разговор со генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби, го поздравил „историскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада кој овозможува за првпат Албанец да биде премиер“.

Честитки за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада. Според Цакај, денешниот договор отвора невиден хоризонт за јакнење на Албанците и развој на демократијата во Северна Македонија. -Честитки до сите Албанци и посебна благодарност до Али Ахмети и Артан Груби за вредната работа што ја направија во однос на зајакнување на албанскиот фактор, демократија и внатрешен развој и евроатлантски процеси во Северна Македонија, посака министерот Цакај, кој по потекло е од Косово. На крајот шефот на албанската дипломатија гарантира дека со Северна Македонија ќе продолжи одличната билатерална соработка и заедничката работа во рамки на НАТО и кон членството во Европската  Унија, изјави Цакај.

Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи им честиташе на коалициските партнери Ахмети и Заев за постигнатиот договор, истакнувајќи дека Албанците се решавачки фактор во одлучувањето и за стабилноста во Република Северна Македонија.

Тој на социјалните мрежи им  посака успех  на коалициските партнери, за новите одговорности во владата и за постигнувањето на договорот за  јасни перспективи за Република Северна Македонија.

Д.Т. 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ