Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од партијата.
„За само два месеци се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одоговорност нема за никого. Таков е случајот и со претседателот на Собранието. Имаше скандалозен инцидент на аеродромот во Скопје во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол и ги прекши правилата и законите“, велат од СДСМ.
Аргументите на кои се повикува СДСМ се извештајот на МВР во кој се констатира дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето, скандалот со службено возило на свадба, минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола.
„Политичката одговорност мора да има и затоа пратениците на СДСМ ќе гласаат за итерпелацијата, а во дискусијата во македонското Собрание ќе ги изнесат сите аргументи“, соопштуваат од СДСМ.