СДСМ како одговорна партија во ова време на пандемија има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата,се вели во соопштение од СДСМ.
Токму затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно протоколите за заштита, бидејќи официјалните податоци на здравствените институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека постојат услови за одржување на одложените парламентарни избори.
Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата.
Мицкоски сака криза, сака неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.