• Latest
фото: Википедија

Се подготвува Нацрт-законот за репрогласување на Матка за споменик на природата

March 19, 2021
Фото: МИА архива

Според поранешна шефица на МИ5, Велика Британија можеби е веќе во војна со Русија поради интензитетот на сајбер нападите и саботажите

September 29, 2025

Стартува кампањата на политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Крушево, Меџити кај „Скендербег“

September 29, 2025

Почна официјалната дваесетдневна кампања за локалните избори

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Се подготвува Нацрт-законот за репрогласување на Матка за споменик на природата

March 19, 2021 16:46
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
фото: Википедија

фото: Википедија

Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт-законот за репрогласување на кањонот Матка за споменик на природата е во изработка и би требало да биде готов во текот на следните два до три месеци. Од Министерството за животна средина информираат дека постапката за заштита тече, откако овој уникатен локалитет чекаше 16 години и во тој период се соочи со низа узурпации, незаконски градби, уништување и загадување.

Кањонот, како споменик на природата бил прогласен во 1994 година со Одлуката која ја донело тогашното Собрание на Градот Скопје, но со донесувањето на законот за заштита на природата во 2004 година сите делови од земјата заштитени според стари закони, мораше да бидат репрогласени, со утврдување на границите и управувачот на подрачјето.

Со конечното репрогласување, локалитетот ќе добие нов управувач, Градот Скопје, кој ќе биде должен да спроведува мерки и активности за вистинска заштита на природните вредности на Матка.

Градот Скопје кон крајот на минатата година ја заврши ревизијата на Студијата за ревалоризација на локалитетот Матка, која беше изработена уште во 2010 година преку проект на УНДП, а минатата година, исто така преку УНДП, се заврши и проектот за преиспитување на границите на заштитената зона.

„Градот Скопје ја достави Студијата за ревалозризација на Матка до Министерството, по што започна подготовката на Нацрт- законот за препрогласувањето на кањонот како споменик на природата. Планирано е во вториот квартал од годинава тој да биде објавен и да започне постапката за негово донесување“, информираат од Министерството за животна средина.

Од таму информираат дека Нацрт-законот ќе се објави на Единствениот национален електронски регистар на прописи и на веб страната на министерството за да може да се доставуват коментари, забелешки и консултации. Ќе биде закажана и јавна расправа по која министерството ќе треба да го изработи и Предлог-законот за прогласување на Матка во категоријата споменик на природата.

„Конечната верзија на законот заедно со извештајот од јавната расправа министерството ќе треба да ги упати до Владата на одобрување, по што финалното усвојување ќе треба да го направи Собранието“, велат во Министерството.

Со конечното репрогласување, локалитетот ќе добие нов управувач, Градот Скопје, кој ќе биде должен да спроведува мерки и активности за вистинска заштита на природните вредности на Матка. Ќе мора да изработи и план за управување, како и да воспостави ренџерска служба која ќе води грижа за заштита на природата. Матка е еден од најубавите предели и природни реткости во земјава. Кањонот е дом на ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови. Сепак, уникатноста на Матка, во изминатите две децении, не беше повод институциите вистински да го заштитат овој споменик на природата. Од тие причини, еколошките организации минатата година побараа не само отстранување на диво поставените платформи и кривична одговорност за сторителите, туку и санирање на штетите и враќање на околината во првобитна состојба.

META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ