• Latest

Се работи на контурите за новиот датум за парламентарни избори

May 14, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се работи на контурите за новиот датум за парламентарни избори

May 14, 2020 08:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) денеска до Кабинетот на претседателот треба да го достави своето мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера имаше средба со членовите на ДИК, со што и започна собирањето на договорените дополнителни информации што треба на лидерите на политичките партии да им помогнат за одредување нов датум за парламентарни избори.

Претседателот Пендаровски ги запознал членовите на ДИК со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Комисијата да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.  

Лидерите на политичките партии на средбата кај Пендаровски во вторникот се договорија да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19, ДИК да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, како и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите. Следната средба треба да се одржи на почетокот на идната недела.

Во ДИК има различни мислења во врска со продолжувањето и спроведувањето на изборниот процес во контекст на мерките што се на сила за превенција на ширењето на коронавирусот и речиси двомесечниот прекин на овие дејствија, како и за Уредбата со законска сила што на 21 март ја донесе Владата, за што говорат ставовите на претседателот на ДИК Оливер Деркоски и членот на Комисијата Борис Кондарко.

Деркоски, кој е делегиран од ВМРО-ДПМНЕ, смета дека изборниот процес треба да се организира од почеток, со повторно распишување на изборите, за да не може никој да го оспори нивниот легитимитет, додека, пак, неговиот колега Борис Кондарко предложен од СДСМ, смета дека изборните рокови треба да продолжат таму каде што биле прекинати поради прогласената вонредна состојба.

Ист став застапуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски, според кои, веднаш по прекинувањето на вонредната состојба, треба да продолжат активностите за организација на изборите таму каде што застанале, а партиските лидери, по препораката на здравствените власти, да го договорат терминот за нивно одржување.

Парламентарните избори беа закажани за 12 април, па одложени поради вонредната состојба и ширењето на Ковид -19. Изборниот процес беше прекинат на 22 март со заклучок на ДИК, а по донесената Уредба со законска сила од Владата.

Премиерот Оливер Спасовски вчера во Штип имајќи ги предвид мерките за справување со коронавирусот, соопшти дека Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето.

-Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа е многу важно ако сакаме да ја одржиме состојбата, ваква каква што ја имаме, да имаме тенденција на намалување на инфицираните и од тој аспект ќе биде подготвен детален протокол, како да се однесуваат политичките субјекти, во текот на изборната кампања и за самиот ден на изборите, вели Спасовски.

Тој очекува дека партиите веќе наредната недела ќе го утврдат и датумот на предвремените парламентарни избори. Повтори дека приоритет е здравјето на граѓаните, но дека исто така е добро што поскоро да имаме избори, за да имаме функционални институции.

Партиите со различни ставови за дел од изнесеното на лидерската средба 

По лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно со различни толкувања на тоа што било кажано таму.

Од СДСМ наведоа дека на лидерскатата средба, сите политички партии изразиле целосна и недвосмислена доверба во Комисијата за заразни болести, во епидемиолозите и во Владата за начинот на справувањето со кризата, и покрај тоа што, како што беше наведено во соопштението од партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал првична идеја да ја партизира оваа стручна комисија, за што подоцна се премислил и повлекол.

-Зоран Заев беше прв на лидерската средба што целосно јасно со детално разработени факти ги отвори сите аргументи за очекувањата во здравствениот аспект и економските последици, за потребата од избор на институции со полн легитимитет даден од граѓаните во првиот можен рок, за условите и роковите (за завршување на ажурирањето, дополнителниот јавен увид и проверки, па се до печатење на изборниот материјал), посочија од СДСМ. Заев, како што наведоа, ги отворил и сите датуми кои се можни како опции за спроведување избори во јуни или почеток на јули, на што немало спротиставување од ниту еден од присутните, вклучувајќи го и Мицкоски иако потоа брифирале „лаги дека само Заев бил за избори“.
На средбата Мицкоски немал никаков детален план, ниту за здравството, ниту за економијата, туку имал план само за една своја лична цел – да бега од темата за избори, наметнувајќи други теми на состанокот.
-Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои им служат на граѓаните и заради новата нормалност која мораме веќе да ја гледаме како можност, а не како пречка, посочија од СДСМ.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера во интервју за Телма рече дека здравјето на граѓаните е пред се и дека никој не брза да оди на избори и не сака веднаш да оди на избори, но и дека треба да се земе предвид фактот дека коронакризата одминува, а земјата нема функционален парламент.
– Нема политичка влада која треба да ја носи одговорноста и функционален законодавен дом и функционална политичка влада која што ќе носи одговорни политики. Затоа час поскоро треба да ја завршиме оваа работа, истакна Заев.
Портпаролот на партијата Костадин Костадинов во одговор на новинарско прашање потенцираше дека изборите се прогласени и распишани одамна, а со владина Уредба тие се само одложени. Обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е во бунило и дека бега од избори.
-Вреди да ги потсетиме дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени.

Вреди да се потсети јавноста за неодговорното и деструктивно однесување од страна  на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кое што го гледаме и деновиве и на лидерската средба, но и од самото преземање на партијата од страна на Христијан Мицкоски и неговите кадри, рече меѓу другото Костадинов.

Од друга страна, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Заев инсистира на небезбедни избори со помала излезност за да го ублажи својот пораз.

-ВМРО-ДПМНЕ е прилично задоволна од исходот на лидерската средба кај претседателот Пендаровски затоа што начелно беше прифатен планот кој што го понудивме во четири точки, а тоа е консултација и извештај од Комисијата за заразни болести, консултација извештај и проценка од ДИК, потоа извештај и допис од ОДИХР кога ќе можат да испратат полна набљудувачка мисија и откако ќе се исполнат овие услови на крајот да се направи една сериозна анализа за определување на нов термин за одржување на безбедни, регуларни и кредибилни избори, рече Милошоски.

Според него, за жал само Заев кој е претседател на СДСМ останал единствениот изолиран политичар кој без разлика на потребата од сериозни анализи од здравствен и изборен аспект, лицитира со изборни датуми, но за среќа ниеден друг претседател на политичка партија присутна на самиот настан не ги прифатил.

-Зошто господинот Заев лицитира на ваков начин со датумот за изборите можеме само да претпоставиме, една од претпоставките е дека во последно време се повеќе анонимни дојавувачи така наречени свиркачи се охрабруваа за господинот Заев како премиер и за неговите поблиски соработници да споделуваат со нас материјали кои што се основани сомненија за одредени инкриминирани дејствија. Веројатно и самиот е свесен за тој податок и сака лов во матно, односно организирање на небезбедни избори кои што би можеле да го намалат одѕивот на граѓаните, а со тоа Заев да го ублажи својот очекуван пораз, рече Милошоски.

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена во секој момент да настапиме на избори и да победи.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ