• Latest

Се зголемува граѓанскиот револт за енормното зголемување на сметките за струја

February 24, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се зголемува граѓанскиот револт за енормното зголемување на сметките за струја

February 24, 2025 13:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните се жалат на падот на животниот стандард. Сè повеќе се зголемуваат револтот и поплаките на граѓаните за енормното зголемување на сметките за струја. Властите најавуваат дека проверките на броилата на електрична енергија наскоро ќе бидат зголемени со софистицирана опрема за тестирање.

И првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, реагираше на високите сметки за струја, нагласувајќи дека државата ќе преземе мерки за заштита на граѓаните.

– Доста е со неправдата, државата ќе презема мерки! Не треба да има неточни сметки за струја! Не треба броилата да останат непроверени 7 години, додека граѓаните плаќаат неправилни сметки, потенцира Меџити.

Тој најави дека ќе се воведе строга контрола на наплатата, а граѓаните ќе имаат можност да пријават какви било поплаки.

Наскоро се очекува да биде додадена и контролата на броилата на електрична енергија со софистицирана опрема за тестирање. Министерката за енергетика Сања Божиновска го зголемува притисокот врз Метеоролошкиот завод што поскоро да ги пушти во функција овие уреди со што ќе се обезбеди поголема транспарентност и контрола во мерењето на потрошувачката на енергија. Софистицирана опрема, поради недостиг на ажурирање во претходните години, остана неискористена.

– Станува збор за машината – трифазен систем за мерење на струја и моќност, која повеќе од 7 години е некористена во подрумот на Бирото. Со воведувањето на овој уред, крајната цел е, покрај проверката на броилата, да се испита и точноста на броилата според поплаките на клиентите, велат од Министерството за енергетика.

Зголемени се поплаките на граѓаните за неправедно мерење, заедно со барањата за решенија. Од Министерството за енергетика велат дека покрај сметките на физички лица, под надзор ќе бидат и фирмите кои поставуваат броила.

Истовремено, ова ќе биде дополнителен механизам за контрола на компаниите кои поставуваат и одржуваат броила, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената електрична енергија и ќе се намали можноста за неправилности, се вели во соопштението на Министерството за енергетика.

Од Бирото за метрологија уверуваат дека наскоро ќе се распише тендер за проверка на функционалноста, монтажата и пуштањето во употреба на уредот, а вработените ќе бидат обучени да почнат да ги проверуваат броилата за електрична енергија.

Погрешните политики на актуелната власт, ги загрозува темелите на социјалната правда во нашето општество.

Даниела Колева, претседателка на Форум на Жени на СДСМ вели дека за само неколку месеци сведоци сме на економско осиромашување, зголемување на јазот помеѓу богатите и оние кои немаат доволно, но сведоци сме и на груба партизација на институциите, непотизам, неправди и тотална маргинализација на ранливите граѓани.

– Нема социјална правда кога животниот стандард на граѓаните и на работниците драстично се влошува а богатите елити блиски до власта испумпуваат милиони евра. Со огромните поскапувања секојдневието на граѓаните е сведено на борба за опстанок. Две минимални плати, веќе не се доволни за покривање на основните потреби. А власта одбива да ја покачи минималната плата на 500 евра.

Намалувањето на животниот стандард на граѓаните драстично влијае на квалитетот на живот но и на намалување на можностите за граѓаните. Нема социјална правда кога царува непотизам во власта и кога роднини и пријатели на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги окупираат најдобрите места додека нема простор ниту шанса за младите. Нема социјална правда со уништување на образовниот процес и укинување на критичното мислење. СДСМ се противи на овие погрешни политики, нагласи таа.

На почетокот на август 2020 година, поради огромните сметки за струја во Бугарија изгореа неколку возила на ЕВН. Во меѓувреме, од истите тие причини, на 14 август во Тетово изгореа две возила ЕВН.

Дестан Јонузи / Фронтлајн 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ