Алијансата за Албанците и Алтернатива најавија жесток отпор против политиките на ДУИ во Парламентот со кој за брзо време ќе ја срушат најавената владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ.
Најавувајќи отпор порачаа дека на власта нема да и биде лесно, а дека она на што најмногу ќе се спротивстават е феноменот победникот да не зависи од вољата на гласачите туку од тие што ги бројат гласовите, обвинувајќи за закани, уцени и купување на гласачите. За наводите за купување и уцени на гласачите, Села го повика обвинителството да ги истражи овие случаи на сите избирачки места а, за почеток да тргне од Зајас.
Села ги демантира информациите поврзани со можноста во знак на непосакуваниот исход од постизборните преговори за состав на влада, да ги напуштат собраниските клупи.
И Села и Гаши не се осврнаа многу на денешното соопштение од ДУИ во кое оваа партија ги карактеризира за недостоинствена и деструктивна опозиција и за сериски губитници чија единствена цел била да избегнат одговорност за сите порази.