• Latest

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентноста, одговорноста и разочарувањата

August 16, 2019
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентноста, одговорноста и разочарувањата

На отворени сесии за јавноста, како специјални гости на семинарот беа поканети и говореа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, активистот за човекови права и поранешен советник во Министерството за финанции, Бранимир Јовановиќ, како и Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ.

August 16, 2019 17:36
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заинтересираните граѓанки и граѓани од Вардарскиот и Источниот регион, претставниците на граѓански здруженија и јавната администрација покажаа голем интерес за дводневниот семинар на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност во политичките процеси кој се одржа во хотел „Романтик“, на брегот на езерото „Младост“, на 14 и 15 август. Ова беше семинар на кој говорниците открија низа ексклузивни податоци, за кои во наредните денови ќе се објавуваат низа видео содржини и текстови.

На отворени сесии за јавноста, како специјални гости на семинарот беа поканети и говореа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, активистот за човекови права и поранешен советник во Министерството за финанции, Бранимир Јовановиќ, како и Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ.

Според првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, највисок процент на корупција има во судството поради наменските судски одлуки и тоа е најслабата карика во борбата со корупцијата во државата. Вработувањата во државните институции се на второ место, покажаа анализи и анкети со граѓаните на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во моментов ДКСК анализира 180 институци во државата со цел точно да утврди колку граѓаните ги чинат привелигиите на функционерите.

Иако настапот на Ивановска беше предвиден да трае најмногу 90 минути со вклучена дискусија од учесниците, оваа сесија траеше повеќе од три часа.

Меѓу другото, излагањето на Ивановска одеше и во прилог на барањата на ЦИВИЛ во Иницијативата #КрајЗаРасипништвото, за укинување на привилегиите на функционерите. Патните трошоци и апанажата се првите функционерски привилегии што треба да се укинат, смета првата антикорупционерка во земјата, што е дел и од барањата на ЦИВИЛ доставени и до Собранието на РСМ на 17 мај годинава.

Билјана Ивановска, ДКСК (14.08.2019)

На првиот ден од семинарот на граѓанската организација Цивил на тема: „Институциите, медиумите и граѓанскиот сектор заедно во борбата против корупцијата во државата“, што се одржува во Велес, Ивановска, откри дека во изминатите шест месеци дванаесет укажувачи, граѓани и вработени во јавни институции како и во јавните претпријатија, пријавиле случаи на корупција кај овластено лице во Државната комисија. Формираните предмети се во завршна фаза и наскоро ќе бидат соопштени на јавноста.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, истакна дека вистинска демократија не може да има без развиен граѓански сектор.

Аце Коцевски, Градоначалник на Велес, (15.08.2019)

„Од успешната соработка со граѓанските организации може да произлезе подобар живот за граѓаните, а од друга страна тоа ќе биде гаранција дека општините работат транспарентно и отчетно“, истакна Коцевски.

Како реномиран експерт за финансии и член на Институтот за општествени и хуманистички науки, во својот ексклузивен настап, Бранимир Јовановиќ направи исцрпна анализа на главната тема и односот меѓу ветеното и исполнетото во изминатиот период. Темата на неговото излагање беше: „Одговорност“.

Бранимир Јовановиќ, експерт за финансии, ИОХН

„Одговорност е да преземеш нешто и да се обидеш да направиш некакви промени, а не само да критикуваш. Но, исто така одговорност е да се повлечеш доколку процениш дека нема да можеш да ја постигнеш зацртаната цел и да им отстапиш место на другите“, кажа меѓу другото Јовановиќ во своето излагање. Тој, како и секогаш во своите јавни настапи, говореше искрено и отворено за своето искуство во Министерството за финансии, како советник во кабинетот на екс-министерот Тевдовски. Јовановиќ самиот поднесе оставка на својата функција.

Џабир Дерала, ги презентираше главните цели на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. Во својот настао, тој жестоко ги критикуваше злоупотребите во доменот на социјалната правда во политички и изборни цели, говореше за грубото кршење на човековите права и гласачкото право во времето на режимот и со остар тон критикуваше состојби и во периодот на сегашната Влада.

Дерала, без заобиколување и со факти претстави конкретни примери во осум области во кои организацијата нотирала злоупотреби на јавните ресурси, како и примери на коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери.

Џабир Дерала – ЦИВИЛ

За време на семинарот, говорниците одговараа на поставените прашања од присутните граѓан(к)и на теми што се од јавен интерес. Голем дел од прашањата предизвикаа извонредно интересни дискусии, а одговорите на гостите беа директни, искрени и отворени и избоилуваа со нови, ексклузивни информации.

На самиот крај од првиот ден од семинарот, учесниците, претставници на граѓанските организации и медиумите, зедоа учество во една вежба што ја водеше Дерала, па гласаа и формираа ранг листа на корумпираност во осумте области за кои говореше тој. Така, според гласањето, највисок процент на корупција во државата има при вработувањето, во тендерските постапки и во јавните набавки, потоа следат медиумите, политичкото финансирање, привилегиите на функционерите, субвенциите, социјалната правда и невладините организации. Ивановска, ДКСК, кој присуствуваше на „гласањето“ го прокоментира резултатот како многу близок до резултатите од анализите на ДКСК.

Во текот на наредните денови, ЦИВИЛ Медиа ќе објави и низа видео материјали од сите излагања и дискусии на учесниците на овој важен семинар.

Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ