• Latest

Северна Македонија и ЕК го потпишаа Договорот со Фронтекс на чист македонски јазик

October 26, 2022

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Северна Македонија и ЕК го потпишаа Договорот со Фронтекс на чист македонски јазик

Потпишувањето на Договорот со Фронтекс, на својот Твитер налог го сподели претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на македонски јазик.

October 26, 2022 19:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.Станува збор за договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.Овој Договор има оперативно и политичко значење и за Северна Македонија и за Европската Унија.Од страна на претставниците на Владата на Република Северна Македонија и на претставниците од Европската комисија е споделена заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу Северна Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од страна на Европската Унија.Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република Северна Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.

Договорот ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

Потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС е израз на заедничка посветеност на Република Северна Македонија и на Европската Унија за дефинирање одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, пришто, почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на коишто се темели меѓусебната соработка. На овој начин, со имплементацијата на Договорот ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и евентуални потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Договорот ги уредува сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, пришто членовите на тимот можат да вршат извршни овластувања.

Оперативната активност, според овој Договор, започнува со писмена одлука на извршниот директор на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија, по писмено барање на надлежните органи на нашата држава, а соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, како и одржување на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам.

Потпишувањето на Договорот со Фронтекс, на својот Твитер налог го сподели претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на македонски јазик.

?? Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен.

Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција.

Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик.

На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ. pic.twitter.com/KWfZbc9fKk

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 26, 2022

Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

М. Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ