• Latest

Северна Македонија останува посветена на интеграциите, а Грција ќе и помогне да добие датум за преговори со ЕУ

November 15, 2019
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија останува посветена на интеграциите, а Грција ќе и помогне да добие датум за преговори со ЕУ

November 15, 2019 08:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија останува посветена на реформите поврзани со започнување на преговорите за членство во ЕУ, а Грција ќе и помогне да добиеме датум за старт на преговорачкиот процес.

Ова се пораките што ги упатија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од Солун, на првиот ден од Четвртиот солунски самит, пренесува МИА

На маргините на Самитот премиерот Заев синоќа имаше средба со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, по која изјави дека добил уверување оти Грција ќе помогне да земјава да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја за конечно да го добие датумот за почеток на преговори и јас сум среќен поради тоа“, изјави Заев.

 

Двајцата премиери на средбата се согласиле дека добивањето датум за почетокт на  преговорите за членство во ЕУ ќе ја потврди европската перспектива на Северна Македонија, но ќе даде од огромен придонес за сигурноста и стабилноста на балканскиот регион и ќе биде дополнителен поттик за економските односи, кои од потпишувањето на Договорот од Преспа бележат нагорен тренд.

Кога станува збор за Преспанскиот договор, Заев и Мицотакис се согласиле дека неговата имплементација треба да оди со позитивната и предвидена динамика, при што се истакнати заложби за отворање нови на граничните премини меѓу двете земји кои придонесат за нивно и за поврзување на регионите и ќе создадат можност за продлабочување на економската соработка. Грција сега е втор најголем трговски партнер на земјава и на трето место по обемот на вкупни инвестиции во Северна Македонија.

Двајцата премиери се согласиле дека зацврстувањето на добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински критериуми за сите фази на пристапниот процес, но и за зајакнување на нашите билатерални односи.

 

Премиерот Заев на средбата истакнал и дека очекува Мицотакис да ја посети нашата земја за да продолжат средбите кои ги охрабруваат односите меѓу двете држави.

Вицепремиерот Анѓушев вчера на Самитот во Солун учествуваше на панелот „Југоисточна Европа, предизвици и перспективи“, при шѓто нагласи дека

Владата останува посветена на реформите поврзани со датумот за отворањето на преговори за членство со Европската Унија и на членството во НАТО, пред се за обезбедување на владеењето на правото, стабилноста и економскиот развој на земјата и подобар живот на граѓаните.

 

„Република Северна Македонија ги направи сите потребни чекори за добивање на датум за отворање на преговорите, сепак ЕУ донесе одлука која е делумно разочарувачка, а е поврзана со процеси кои се случуваат во самата Унија. Ние остануваме посветени кон евроатлантските интеграции за кои сметаме дека носат стабилност и просперитет“, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Тој оцени дека договорите што земјава ги склучи со Грција и Бугарија претставуваат добар пример на надминување на отворените билатерални прашања и воедно позитивно делуваат на економската соработка. Според него, како резултат на овие договори, трговската размена на земјава со Грција во 2018 година е зголемена за над 20 отсто, а со Бугарија за над 15 проценти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ