• Latest

Северна Македонија за првпат дел од Европското општествено истражување

March 11, 2021
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Северна Македонија за првпат дел од Европското општествено истражување

March 11, 2021 13:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија годинава ќе се приклучи во 10–тиот бран на Европското општествено истражување – ЕОИ (European Social Survey – ESS),   сеопфатна компаративна анкета која што првпат ќе се спроведе во нашата земја. Проектот ќе придонесе за јакнење на капацитетите на истражувачите и истражувачките институции, а собраните податоци се од исклучителна важност за оние кои донесуваат одлуки од јавен интерес, за институции од национален и локален карактер, за бројни професионални организации, за синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, невладините организации, а и за медиумите, односно, за речиси сите делови од општеството.

Бојана Наумовска директорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) кој ќе го спроведе истражувањето во земјава со финасиска поддршка од МОН и ќе биде координатор на Националната мрежа на ЕОИ во РС Македонија на онлајн презентацијата истакна дека вложувањето во науката претставува вложување во развојот на една држава и општество и оти се надева дека токму ова истражување е почеток кој значи повторно враќање на општествените науки на местото кое го заслужуваат.

Заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани истакна дека МОН дава целосна финансиска поддршка на проектот бидејќи тоа е интерес на државата и овие активности се оценуваат позитивно во Извештајот на ЕК за напредокот во поглавјето 25 – наука и истражување.

„Од друга страна проектот ќе овозможи постигнување повисоки стандарди во домашните истражувања на општествените наука. Придобивките во вклучувањето на ЕОИ се бројни од академската заедница, се до креаторите на јавните политики“, рече Шабани.

Ненад Челаревиќ – Амбасадор на ЕОИ за Југоисточна Европа изрази задоволство што во истражувањето во земјава ќе се вклучат повеќе од 41 учесник од различни области од истражувачкиот сектор, научници, социолози, организации од граѓанското општество, фондации… Истражувањето во Северна Македонија е значаен проект бидејќи, рече ги поврзува од една страна МОН и неговите инвестиции во истражувачката инфраструктура со меѓународната истражувачка инфраструктура и создава национална истражувачка инфраструктура која е важна за академиците и научниците во земјава, а ќе воспостави и стандарди за идните генерации.

Анета Цекиќ од ИСППИ и Национална координаторка на ЕОИ во земјава истакна дека станува збор за крос-национално анкетно истражување кое се спроведува според највисоки методолошки правила и принципи, што ќе ги зголеми капацитетите на истражувачите и истражувачките институции кај нас. Ги испитува ставовите и однесувањето на испитаниците, а добиените податоци се едни од најзначајните за употреба во академските анализи. Значајно е, додава таа, што се користи еден ист прашалник (досега е преведен на повеќе од 50 јазици) со прашања кои се поставуваат во повеќе земји во ист момент што е од исклучително значење, како и тоа што е лонгитудинално истражување кое овозможува следење на трендовите и промените во општествените појави, процеси и феномени. Истражувањето досега се спроведувало во девет брана во 38 земји, а конечно со 10-от бран на истражувачите во земјава и во светот ќе им бидат достапни информации и за РС Македонија.

„Порано кога дизајнирале нови политики владите во минатото често ги игнорирале потребите на нивните граѓани. Преку Европското општествено истражување европските влади имаат можност и добра основа да го надминат тоа игнорирање. Се надевам дека на ист начин овие податоци ќе бидат употребени и користени во нашата земја“, вели Цекиќ цитирајќи еден од коосновачите на ЕОИ.

Во однос на структурата на анкетниот прашалник таа појасни дека тој содржи прашања поделени во теми кои се групирани на постојани и ротирачки модули. Околу 70 проценти од прашањата постојат од 2002 година од основањето на ЕОИ, а во секој бран се додаваат по два ротирачките модули со прашања од актуелни теми. Годинава една од темите е пандемијата со Ковид – 19.

ЕОИ е проект востановен од ЕК во 2002 година и се спроведува на секои две години. Во рамки на општествените истражувања во ЕУ, ЕОИ има статус на Европски истражувачки инфраструктурен конзорциум – ЕИИК (European Research Infrastructure Consortium – ERIC), со што според законската регулатива на Унијата, станува проект од „европски интерес“.

ЕОИ во Македонија ќе го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Во активностите на национално ниво учествуваат и претставниците на Националната мрежа на ЕОИ во РС Македонија  составена од истражувачи од: Филозофскиот Факултет при УКИМ, Скопје и универзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола „Гоце Делчев“ – Штип,  Универзитетот на ЈИЕ, Државниот универзитет во Тетово,  Универзитет Американ Колеџ, Скопје и ФОН Универзитет, Скопје.

Истражувањето доцни неколку месеци и ќе започне овој месец, а ќе се одвива до крајот на годинава. Поради Ковидот ќе се спроведува согласно утврдени безбедносни протоколи, а покрај класично интервју лице в лице, првпат ќе се применува видео интервју.

Собраните податоци ќе бидат објавени во 2022 година, а ќе бидат достапни под отворен пристап за сите истражувачи од општествените науки, државните институции, медиумите и пошироката јавност.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ