• Latest

Шахпаска: Мицкоски бега од избори, неговите тврдења не се темелат на медицински сознанија, експертите оценуваат дека ризокот за избори во јуни е најмал

May 18, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Шахпаска: Мицкоски бега од избори, неговите тврдења не се темелат на медицински сознанија, експертите оценуваат дека ризокот за избори во јуни е најмал

May 18, 2020 20:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во медицината два плус два не е секогаш четири и никој не може да се предвиди што ќе се случува на есен, затоа не е јасно врз основа на која проценка Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат избори на крајот на август или почетокот на септември. Нашиот став за избори во првиот можен момент го темелиме на светските искуства, на препораките на Светската здравствена организација како и на нашата Комисија за заразни болести, која оцени дека во периодот после рестриктивните мерки и кога има намалување на интензитетот на коронавирусот најдобро и најбезбедно е да има избори“, порача пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска во емисија на ТВ 24.

„Во перодот после крајот на јуни многу граѓани ќе заминат во странство, многу луѓе ќе ја посетат земјава, ќе се отворат училиштата, оттука навистина не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата на есен. Врз основа на која проценка Мицкоски предлага крајот на август или почетокот на септември, кога не можеме да знаеме што ќе се случува тогаш. Јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од сопствениот народ“, изјави Шахпаска.

Таа нагласи дека ставот на СДСМ е јасен избори да има во првиот момент кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, доколку заврши вонредната состојба на 30 мај, првиот рок за избори е 21 јуни.

„Ние како држава одлично се справивме со здравствената криза, ги заштитивме возрасните лица, и тоа е јасен показател дека државата одлично се справи со кризата и ги заштити граѓаните“, рече Шахпаска.

Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефективни мерки за заштита од корнавирусот. Тие мерки овозможија ниту педесет проценти од капацитетите на инфективните одделенија во текот на здравствената криза да не бидат пополнети, навреме беа затворени границите, училиштата, градинките, посебни категории граѓани беа ослободени од работа, порача пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, во емисија за ТВ 24.

„Јас како медицинско лице дијагностицирав пациент со Ковид 19, дадов упат за болница, ги почитував препораките на Министерството за здравство, како институција ја имаме потребната заштитна опрема и немаше опасност да се заразам. Тоа говори колку е сериозен пристапот за обезбедување протоколи и опрема, но секако секој од нас носи и лична одговорност“, рече Шахпаска.

Одговорност треба да преземе министерот за внатрешни работи Наќе Чулев затоа што не презема конкретни мерки за почитување на препораките да нема групирање, како што беше литијата во Струга.

„Здравствените институции се на ниво на задачата, но за жал морам да констатирам дека сериозен проблем за државата е што немаме функционално Собрание, нема контрола над Владата. ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги одложи изборите и сака целосно да го блокира системот“, додаде Шахпаска.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ