• Latest

Шахпаска: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

June 16, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

June 16, 2021 16:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практикантство, до квалификации, преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

На состанокот, што се одржа по денешното отворање на новиот дел од објектот на  детската градинка „8 Април“, во Шуто Оризари, покрај за социјалната заштита, соговорниците разговарале и  за политиките и мерките кои се преземаат за припадниците на ромската популација, а се во насока на поголемо вклучување на децата во воспитно образовниот процес.

-Владата на Република Северна Македонија образованието на ромската популација го смета како приоритет во сите циклуси, од предучилишното образование, се до стекнување на универзитетска диплома. Нашата држава е лидер во нашето соседство со вклученоста на Ромите во предучилишно образование.  Преку, проектот за вклучување на деца Роми во детските градинки, секоја година бесплатно се вклучуваат по 400 деца од најранливата категорија на ромската популација, семејствата кои користат ГМП, а истовремено  работиме и  со нивните родители за важноста на предучилишното образование, подвлекла министерката.

Заменик амбасадорот Јохансен и Сакахјан изразиле задоволство од досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика. Еден од нив е и градинката „8 Април“ и Дневниот центар за деца од улица, за кои Кралството Норвешка учествуваше во изградбата, а за имплементацијата беше задолжена УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и  Општина Шуто Оризари. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ