• Latest

Шаќири очекува конечен договор со СОНК најдоцна во вторник

May 13, 2022

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири очекува конечен договор со СОНК најдоцна во вторник

May 13, 2022 17:40
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Продолживме со разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и на почетокот на наредната недела, понеделник или вторник, очекувам да имаме конечен договор“, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по новата рунда преговори со делегација на СОНК.

„Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори“, нагласи Шаќири.

На новинарско прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара Синдикатот, министерот рече дека ставовите се доближуваат и се разгледуваат сите можности за изнаоѓање решение.

„Затоа од почеток побарав разбирање од СОНК и од наставниците. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение заради тоа што знаеме во која фаза бевме во процесот на донесување на буџет, во која фаза сме во подготовка на буџетот, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање на средствата на реализација на тој буџет. Мислам дека сме многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема“, истакна Шаќири.

На седница на Владата, потенцира министерот, е донесена одлука која се однесуваше за средните училишта, одлука за тие што завршуваат четврта година.

„Сега заедно со Средношколската унија имаме формирано група после долги години да се разгледа и Законот за средно образование, каде досега се вклучени 24 членови од сите институции, а ќе ги вклучуваме УНИЦЕФ, УНДП, Европската комисија, амбасадите… Оваа одлука за завршување на наставата ја донесовме со консултација со Бирото за развој на образованието. Истовремено, во овој период е побарано мислење од Бирото да најде начин за комуникација со сите основни училишта за тоа до каде е фазата на реализација на програмите на основните училишта и да се разгледа можноста ако може да постигнат наставата да се заврши до предвидениот рок“, додаде Шаќири.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат буквално за сите прашања и усогласиле генерално некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани.

 

„Треба да завршат и бидат потпишани во периодот меѓу 1 и 31 септември. Има некои технички проблеми, мора да започне учебната година, па за да се реализираат тие одредби од колективниот договор. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози, како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се враќаме во Министерството за финансии за анализа и проверка на тоа колку средства ќе бидат потребни, и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени и коефициенти на инфлација, пораст на минимална плата итн., коешто би функционирано во наредниот период. Тоа се точките за кои разговаравме. Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција“, истакна Неделков.

Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни./МИА/

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ