• Latest
Војо Маневски

Шалабајзери

November 2, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шалабајзери

November 2, 2023 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Датумите треба да се некакви граничници на некој процес или обележје на некоја случка. Кај нас датумите се како хоризонти кон кои се движиме ама планетава сѐ уште си останува топчеста и хоризонтот само се поместува. Не мислев само на датумите кои ни станаа опсесија во процесот на евроинтеграциите, туку и како колективна психоза во која веќе предолго живееме. Како меѓу тие датуми ние да треба да хибернираме и важно е само датумот да стигне. Датуми за избори, датуми за некакви судбински одлуки…, полека се датумизиравме до ниво кога горе-доле сите станавме Шалабајзери.

Шалабајзер е одлика на човек кој не се однесува одговорно и сериозно, најчесто на своето работно место, а сака да го ужива секој момент без водење на сметка за последиците утре. Или како во песната – како никогаш да нема да дојде тоа утре.

На памет ми паѓа едно мислење на поранешен вицепремиер кој за објаснување на состојбите ја користеше теоријата на варена жаба. Жабата постепено се навикнува на топлината на водата  и не скока од водата се додека не биде предоцна и се свари. Дефетизмот кој сега не опкружува е резултат на тој процес и  станува посебна категорија на магловид кој се граничи, да ми простите што почнувам да мислам така, со патолошка состојба.

Не ни помагаат многу разните теории кои ни се пласираат од младите универзитетски професори и научници од општествената сфера затоа што таквата интелектуалната еквилибристика само уште повеќе ја влошува таа состојба. A се работи за тоа да се изнајде решение!

Економски поминавме низ три периоди за кои за жал нема што  многу   да се објаснува туку само да се евидентираат, затоа што шалабајзерството наше не ни дава да извлечеме заклучок и смениме нешто. Не се работи за отворања нови капацитети кои ја намалуваат невработеноста туку за комплетно реструктуирање на економијата,  пред сѐ според човечките ресурси кои сѐ помалку ги имаме. За да можеме да опстанеме во суровата економска трка на пазарот!

Првиот период беше раскрчмување на капиталот кој под правен статус на општествен или државен се стекнуваше половина век. Политичките елити немаа јасна цел што ќе правиме утре, важно беше капацитетите да се приватизираат или продадат на странците или „странците“ за да се одржи каков таков социјален мир. Секако и да се направи нова класа на сопственици на капиталот.

Вториот период беше менаџирање на последиците од тој процес кој можеше да даде резултати само ако истовремено се заменуваше со развој и нов тип на водење на макроекономија. Огромната невработеност не чекаше да се реши со пазарни мерки туку мораше да се применат политички чекори кои имаа за последица дуплирање на буџетот и неговите потрошувачи што доведе до недостаток на средства за структурни реформи. За да се реализираат нужните инвестиции, се влезе во поголеми долгови а со тоа и во интересите на оние што такви кредити даваат.

Третиот процес е и објективен и субјективен. Прекинувањето на процесот на преструктуирање и справување со последиците од огромната администрација која го јаде буџетот доведе до неспособност за справување со кризите кои дојдоа. Едноставно, немаше средства и мораше да се зголеми долгот до скоро горната граница на подносливост. Видете ги изјавите на светските банкарски и финансиски институции и ќе видите дека неколку пати нѐ опоменуваат дека мал ни е просторот за дополнително задолжување. Значи и тој  извор и тој процес го приведуваме кон крајот. Сега ни останува да чекаме датуми за да користиме европски фондови и да влеземе во расправија која гарнитура ќе го води тој процес. Не се прославивме многу со користење на претпристапните ИПА фондови а сега се надеваме на пристапните фондови и на новите рамки кои Европа ни ги претставува деновиве. Најголемиот дел од општеството и воопшто не размислува за процесите туку навивачки ја потврдува состојбата на варената жаба. Како народната мудрост за топлото млеко и дувањето после и во матеницата.

Добар дел од економско-политичката елита е во страв дека измената на условите во кои се навикнати да функционираат ќе им наштети и нема да се снајдат во услови на владеење на законите и на регулиран пазар кој бара способност и иновативност а не мешетарење со буџетот на државата, корупција и испорачување на своите погрешни одлуки на државната каса,  поттикнувајќи социјални  немири и постојана психоза на општо незадоволство. Медиумите овде несебично помагаат штитејќи ги интересите на сопствениците. Тоа е посебна приказна за која се потребни и дебати и нови законски решенија.

Не пишувам овде за политичката класа која е добра потврда на дефиницијата за шалабајзери затоа што измешаноста на бизнис и политичките елити и интереси е толку голема што тешко се распознава што е што низ вревата која ни се  сервира секој ден.

Да не ве чудат големите теми кој секојдневно ни ги пласираат низ медиумите разните политичари и„ аналитичари“. Тоа е само завеса за одолговлекување на неизбежните одлуки. Не зашеметија од прогнози и вредности кои се повеќе митови отколку историски и  сегашни реалности.

Последиците ги живееме и не поставуваме прашања кои ќе ја растераат маглата. На пример да прашаме – за овие седумдесетина години постоевме ли како народ и култура која го бара своето место меѓу народите? Направивме ли макар еден бренд по кој сме препознатливи барем во балканските простори? Заборавивме ли на Тетекс Астибо или виното Витач?  Ако за скоро еден век не сме го потврдиле својот идентитет, кој може да го спаси сега од нападите од страна, освен ние самите? Со политички постапки тоа тешко дека ќе се направи. Ако според источните комшии, до 44-та сме биле Бугари и потоа преку ноќ сме станале македонци, со паранојата на анти-бугарство само покажуваме дека се плашиме од средба со архивите и поинаквите толкувања на историјата. Тогаш е оправдан стравот дека преку ноќ со некакви измени на Уставот, со додавање на едно зборче, пак ќе станеме Бугари. Или нема…???

Кој и зошто ја наметнува оваа психоза, со која цел? Не ли токму тој огромен отпор кон уставните промени е сеењето магла и повикувањето на плашилото со кое се мотивира македонецот по којзнае кој пат да работи против себе со рушење на сѐ што е направено во скоро цел еден век? Не, не велам дека постоиме еден век, веројатно „патриотите“ ќе ме начекаат на нож ако не се дообјаснам. Зборувам за конкретната борба за самостојна независна македонска држава.

Од друга страна, истовремено се истакнува дека над осумдесет проценти од македонците се против влегувањето на Бугарите во уставот, како аргумент дека со тоа искажуваат СИЛЕН МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ. Па,  како тоа истите тие самосвесни македонци ќе се бугаризираат на толку едноставен начин? Ја подигнуваат македонштината и потоа ја спуштаат, како да е меур од сапуница кој ќе пукне при најмал допир. Поголемо понижување на сопствениот народ не можам да замислам. Како Македонија да е тврдина која треба да се брани, како да треба да се затвориме и заокружиме со силни барикади и да го браниме она што никој не може секако да ни го земе.  Но, зар не кажува историјата дека нема тврдина која не е освоена, ама има градови кои и без ѕидини се развиле во успешни заедници на нејзините граѓани. Нужен е заклучокот дека толкав број од македонците без основа се плаши од уставно разграничување со Бугарите и во својот Устав, бидејќи од нас, САМО ОД НАС зависи нашиот идентитет и опстојување. Но, патриоти со визија и одговорност кон својот народ се една работа а националистите кои и покрај можната чесност во сопственото убедувањето се различна работа. Нивната цел најчесто и единствено е нивениот личен идентитет и никогаш не е иста со интересите на народот. Едно мостопитно прашање се наметнува – дали најголемите галамџии во одбраната на македонштината самите не се плашат од увереноста во својот идентитет? Зошто им дозволуваме со своите лични фрустрации сите да не плашат со некаква апокалипса на македонштината, како некој да може на сила да ни ја земе црвено-жолтата капа и на сила да ни стави нова, во бело-зелено-црвена боја. Некако како онаа изреката за мувата на капата. Исто ова важи и за нивните противници во галамењето од бугарската страна. Де бе бате, не ме брани! Ако ти не знаеш, јас знам и кој сум и од каде сум и што сум и што ќе бидам. Ако не можеш да помогнеш, не одмогнувај!

А, да! За датумите и шалабајзерството ми беше зборот. Сега ќе чекаме датум за избори и ќе гледаме разни анкети. Половината од нашите граѓани не се определиле за кого ќе гласаат. Ова може и да е добар податок што полека нѐ залечува од шалабајзерството. Граѓаните не сѐ само навивачи и клиенти на политичките елити, тие ќе бараат и конкретни програми и мерки. Ќе бараат и кои ќе се носители на тие процеси за да им поверуваат на понудите. Аргументот дека ќе пропаднале некои избори и ќе сме навлезеле во уставна криза не држат зошто ние сме одамна во криза на непризнавање на носителите на најважните државни функции. Отрезнување е потребно и кај граѓаните и кај политичарите. Господа, понудете добар кандидат и добра програма прифатлива за мнозинството и ќе избереме претседател. Ако тоа не го направете и барате преку изборни математики и пропагандни машинерии да се избере вашиот кандидат, тогаш и да пропаднат изборите нема да е штета. Поголема штета е да имаме претседател кој не е подржан од голем дел на граѓаните. Знам дека вашите пресметки се темелат на нашето шалабајзерство и затоа ќе ни нудите шалабајзери. Само запомнете дека клин со клин се избива ама едниот останува закован.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ