Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, вети дека блокот ќе стори сè што може за да обезбеди Украина да победи во војната против Русија.
„Не сте сами. Ние сме со вас. И ќе направи се што е можно за да ве поддржиме и да се увериме дека Украина ќе ја добие војната“, нагласи Мишел на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Киев.
Членството во Европската унија е „приоритет“ за Украина, рече претседателот Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција.
„Во однос на нашето идно членство во ЕУ, тоа е приоритет за нашата држава, за силата на нашиот народ, оние кои се подготвени да ја бранат нашата земја од руските напаѓачи дури и без оружје“, изјави Зеленски.