Конзулатот на Словенија е уништен во денешниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас.
– Како колатерална дипломатска штета е уништен и словенечкиот конзулат во Харков“, напиша Масикас, заедно со видеото на кое се гледа како проектил ја погодува зградата.
The Slovenian Consulate in Kharkiv was destroyed as a "collateral diplomatic damage" as well. pic.twitter.com/gFpQqX7tQK
— Matti Maasikas (@MattiMaasikas) March 1, 2022
Советникот на Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Херашченко претходно денеска изјави дека најмалку 10 лица загинале, а 35 се повредени во денешните ракетни напади на руските сили врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина.