Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Според најавите, Шаленберг најпрвин ќе има билатерална средба и заедничка прес конференицја со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Во рамки на посетата на земјава, Шаленберг во текот на денот ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, како и со претседателот Стево Пендаровски.
На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања, се додава во соопштението на МНР.
Извор МИА