• Latest

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025 21:02
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампања                                                                            ДРАГАН МИШЕВ   

Како што пишуваше претходно ЦИВИЛ Медиа во анализата „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи“, во периодот пред локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.

Наместо во фокусот на кампањата да бидат локални теми како урбанизам, комунални услуги или екологија, во оваа предизборна атмосфера, четири доминантни наративи го обликуваат јавниот дискурс меѓу најголемите партии од македонскиот блок:

  • Идентитески прашања – поделба на патриоти и предавници (внес на бугарска заедница во Уставот; промена на името)
  • Меѓуетнички односи – националистички наративи, првенствено во однос на Албанците и Ромите
  • Европската интеграција на државата
  • Стандардот на граѓаните

Со приближувањето на денот на изборите, се зајакнува ивоспалувачката меѓупартиска реторика. На досегашните  доминантни наративи се надоврзаа и неколку нови, кои пред се служат за меѓусебно препукување и оцрнување на противникот, особено се кај најголемите претставници на македонското гласачко тело.

Прислушување во АНБ како битка пред избори

Наводното нелегално прислушување и следење на премиерот во времето кога беше опозиционер доведе до прислушувачка битка пред избори.

Откако Мицкоски објави „нов скандал“  за нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку годин, истакнувајќи дека прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата.

СДСМ побара декласификација на документите и побара истрага од ОЈО, особено откако поранешениот директор на АНБ, Виктор Димовски излезе со тврдење дека: „Во периодот 2019–2022 тогашниот опозициски лидер Мицкоски не бил прислушкуван од АНБ!“, и побара веднаш да се декласифицираат документите за наводните злоупотреби, додавајќи дека јавноста мора да знае кој предложил, кој одобрил и кој спровел евентуални прислушкувања.

Хибридни закани од странски центри на моќ

Откако министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на прес конференција на 13 септември тврдеа дека пожарот во депонијата за електронски отпад во Трубарево, скопско, претставува „хибриден напад“, се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, според кој пожарите се хибриден напад против неговата влада, оркестрирани од странски центри на моќ, без да посочи од каде точно тие доаѓаат.

Нешто подоцна Тошковски отворено призна дека нема организирана структура, нема мрежа, нема доказ за систематска акција.

„За жал, засега не можеме да утврдиме организациона поставеност меѓу тие луѓе.“

Со ова, министерот го демантираше премиерот, а од СДСМ го искористија признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, и побараа Мицкоски да одговара за ширење страв и паника.

Морбидна кампања со меѓусебни обвинувања:

Со појавата на интернет страница „Убијците на Кочани“ во која беше споделена фоотомонтажа со крвави лица од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни Панче Тошковски и директорот на БЈБ, Александар Јанев, се отворија нови наративи како можност за мечусбни обвинувања. Додека ВМРО-ДПМНЕ за овој, како што наведуваат, „срамнеи, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани“ преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон премиерот и други функционери што претставува организирана кампања за манипулација и бараат итна реакција на институциите, иако без докази кој стои зад сајтот,  обвинува дека зад него стојат структури блиски до Венко Филипче и СДСМ.

Од СДСМ пак регираат дека тоа е патетеична и разочарувачка кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста.

Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, додека веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути, велат од СДСМ.

Во меѓувреме

Секако, не недостасува говорот на омразата, но има и девијантни појави на напад врз материјалните добра на поединци, како кога на 9 септември околу 3 часот по полноќ, од непознати сторители беше запален и пеплосан автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина. Галетановски.

Она што изостана, се реакциите и наративите кај претставниците на македонскиот политички блок за српскиот свет во кој се вовлекува Северна Македонија, додека низ земјава се шетаа високи српски функционери, придружени со регуларни полициски и униформи на српска војска, претставници на српски боречки здруженија во паравоени униформи, гуслари, придружувани од вицепремиерот во македонската влада, Иван Стоиљковиќ, додека на Кајмакчалан носејќи српско, црногорско и грчко знаме го прогласија „спрпското васкресење“, а кајмакчалан за „порта на Србија“


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата. Во соработка со ЦХМТ

Tags: доминантни наративиЛокални избори 2015македонски политички блок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ