• Latest

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025 13:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска побара од обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и на премиерот Христијан Мицкоски за прислушување додека тој бил лидер на опозицијата, како и на новинари и на бизнисмени и други. Очекувањата на Филипче се дека треба да има објективно прикажување на фактите, како и дека документите треба да се декласифицираат па да види дали било така. 

– Обвинителството треба што поскоро да расчисти оваа работа. Еве и поранешниот директор Димовски побара да се расчисти работата. Нека се декласифицираат информациите. Нека се знае што точно се случило, па после да судиме како било имало ли реформа, немало ли реформа, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Очекува објективно прикажување на фактите, да има истрага и правдата да биде задоволена.

– Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ кои што немаа никаква разрешница. Да ве потсетам најава некаква за поткуп на премиерот, дека бил следен со дрон, најава дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор од Агенцијата за национална безбедност и тој самиот нека бара да се декласифицираат информациите па да видиме каква е вистината за да нема лов на вештерки, лов во матно, па мислам дека граѓаните и јавноста тоа го заслужуваат, повтори тој.

Според него, во време на СДСМ се направени сериозни реформи во АНБ, во целиот безбедносен систем.

– Остро реагиравме на најавите на премиерот дека Агенциите треба да се спојат, рече Филипче додавајќи дека дел од причините се и и искуствата од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со тоа.

Филипче рече дека тој е да се направи се за да се открие вистината за овој случај. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата.

– Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата. Сакам да порачам: Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши, истакна Мицкоски во обраќањето на Темaтскиот состанок за Партнерство за отворена власт, што се одржа во Владата.

Токму затоа, нагласи Мицкоски, Партнерството за отворена власт е наш заеднички одговор.

-Затоа што таму каде што има светлина, нема простор за сенки. Кога институциите се отворени и отчетни, тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата. Овој состанок е доказ дека ние не бегаме од проблемите – ги решаваме. Ние не се плашиме од предизвици- ги совладуваме.  Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација, дигитални услуги достапни за секој граѓанин, со економија што расте и со општество што верува во демократијата. Верувам дека денешните разговори ќе ни помогнат да го искористиме потенцијалот на отворената власт не само како политика, туку како култура на владеење, рече тој.

Наша должност, како што нагласил премиерот, е да создадеме систем што ќе биде транспарентен, праведен и ефикасен, систем кој ќе биде во служба на граѓаните и кој ќе го врати достоинството на јавниот интерес.

-Денес испраќаме јасна порака: Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема, потенцираше премиерот Мицкоски.

Поранешениот директор на АНБ, Виктор Димовски со реакција: „Во периодот 2019–2022 тогашниот опозициски лидер Мицкоски не бил прислушкуван од АНБ!“.

Димовски бара веднаш да се декласифицираат документите за наводните злоупотреби, додавајќи дека јавноста мора да знае кој предложил, кој одобрил и кој спровел евентуални прислушкувања.

– Нема место за изговори со државна тајна, особено кога во медиуми веќе се лиферуваат имиња и податоци, вели Димовски.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ