• Latest

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025 07:52
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државаѕта, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можноста за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште – изјави на вчерашната вонредна прес конференција директорот Стојанче Ангелов, објави МИА. 

Тој кажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека за време на претходната Влада, со депониите се справувале општините. Оваа Влада, рече тој, направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.

На прашањето за тоа дека досега, оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече:

-Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова можете да го зборувате во вашата емисија. Ова е глупост. Обединити Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари.

Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде: Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари.

Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Но факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. Јас ве уверувам дека секој за кого ќе има доази ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот – одговори вчера министерот Панче Тошковски на прашање кое дојде по изјавата на Стојанче Ангелов дека државата ни е изложена на хибридни напади со предизвкување пожари.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ