Командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк денеска е во официјална посета Северна Македонија.
Повод за посетата на Адмиралот Бурк е одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.
„Северна Македонија како активна членка на Алијансата додаде нова вредност на значењето на НАТО за безбедноста во нашиот регион со директно учество на силите на КФОР на Косово, кои токму под капата на сојузничката команда во Неапол. Додаваме нова вредност на Алијансата и со секојдневното унаоредување на капацитетите на полигонот Криволак, каде и во овој момент работат македониските војници, макеоднските инжињери, заедно со 15 инжињерски американски батаљон… Со адмиралот Бурк разговаравме и за придонесот на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, а која е под команда токму на админралот Бурк, за исполнување на нашата стратешка цел – членството во НАТО…. Затворањето на канцеларијата за врски значи дека тие ја завршија својата работа со успех, а ние израснавме во сојузник кој што може со свои сили да се развива дома, но и да придонесе кон колективната безбедност на Алијансата“, изјави Шекеринска на заедничката прес-конференција.
„Имавме можност да разговараме и за иднината. Северна Македонија веќе придонесува за НАТО на многу начини… Сакам да се заблагодарам за придонесот на Северна Македонија кон Алијансата, нивната волја да се изнајдат многу начини за реализација на целите на Алијансата. Зборувавме и за тоа како понатаму може да се придонесе, како што се во новите облици на закани“, изјави админралот Бурк.
Одговарајќи на новинарско прашање дали НАТО може да помогне во обезбедување на вакцините, Бурк рече дека лидерството на НАТО размислува за администирање на вакцините во различни земји.
„Разгледуваме неколку опции, не знам која ќе биде избрана, се разгледуваат повеќе начини, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на секоја земји и сфаќаме колку е тоа важно за вас“, изјави Бурк.
Б. Ј.