• Latest

Шилегов: Додека сум градоначалник нема да дозволам на плоштадот да никне зграда

May 13, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов: Додека сум градоначалник нема да дозволам на плоштадот да никне зграда

May 13, 2020 13:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На површина од 5000 квадратни метри и инвестиција од 33  милиони денари е уреден просторот во центарот на Скопје, на потегот од плоштадот кон влезот во Градскиот трговски центар. Инвестицијата не е на Градот, туку, како што рече градоначалникот Петре Шилегов, на совесни граѓани на Скопје кои сакале да помогнат да го уредат девастираниот простор.

Се работи за приватен простор и затоа Градот не можел да инвестира за да го уреди со јавни пари, но Шилегов истакна дека нема да дозволи додека е прв човек на главниот град на тоа место кое отсекогаш било јавен простор за граѓаните да биде изградена 20-метарска зграда. Претставувајќи го уредениот простор со тревник, тој денеска ги повика и граѓаните во одбрана, а побара и од надлежните институции и Јавното обвинителство заштита со поништување на продажбата и враќање на сопственоста онаму каде што просторот припаѓа.

– Ова е простор на Град Скопје. Ова не е простор на којшто ќе треба да се прават луди барокни експерименти. Овој тревник, за жал, во 2012  година бил продаден од тогашната власт и на овој простор треба да никне 20-метарска, можеби и повисока зграда, а на аголот кај стоковната куќа улицата да биде широка помалку од три метри. Ова е приватен простор на кој Град Скопје не можеше да инвестира со цел да го уреди. Меѓутоа, додека сум јас градоначалник, заедно со градоначалникот на Општина Центар, ќе се грижиме овој простор да остане јавен и со цела политичка структура која ја претставуваме ќе стоиме во негова одбрана и нема да дозволиме  овде да биде изградена зграда, изјави Шилегов.

Смета дека фактотот што ЈО нашло елементи да покрене постапка за кривична одговорност на 11 инволвирани лица зборува, рече тој, дека продажбата била сомнителна, а и за фактот дека тука не треба да има зграда. Очекува дека Обвинителството и судовите „ќе почнат да си ја вршат својата работа онака како што треба и по основ на донесени кривични пресуди за криминалната продажба на плоштадот“.

– Скопје е единствен град во светот во кој е продаден плоштадот. Откако ќе се врати во државна сопственот, ќе можеме да размислуваме како да го преуредиме овој простор, рече Шилегов.

Демантираше дека судски е донесена одлука во корист на сопственикот и на новирско прашање одговори дека земјиштето на тој простор никогаш не е предадено во владение на, како што рече, таканаречените сопственици.  – Ова никогаш го немаат добиено во владение и бидејќи го немаат владението, не можат ни да го оградат. Нека пробаат да го оградат, па да видат што ќе ги најде, додаде градоначалникот.

За новиот простор рече дека заедно со зелениот покрив на ГТЦ претставува нов стандард за изглед на јавниот простор во главниот град. Соопшти дека се употребени три вида плочки, а просторот е дополнет со клупи и засадени 22 повеќегодишни дрвја. Првпат има и патека за движење на лица со оштетен вид.

Во тревникот е плочата на местото каде што била куќата во која е родена Мајка Тереза, а во близина се и три елки кои нобеловката ги засадила во 1980 година при посетата на Скопје, заедно со тогашниот скопски градоначалник и бискуп на Католичката црква.

Во однос на реакцијата на Институтот за духовно и културно  наследство на Албанците од каде вчера побараа да се овозможи пристап до спомен-плочата за Мајка Тереза, Шилегов одговори дека  Градот нема право да инвестира и, како што рече, да троши јавни пари за приватна парцела. Повтори дека во уредувањето на просторот што денеска го промовираше Градот нема инвестирано јавни средства.

– Како што кажав и вчера, ме интересира зошто некој дозволил местото каде што била куќата на Мајка Тереза да биде продадено. Зошто не ја спречил продажбата кога тогаш, веројатно, имал и влијание и моќ. Треба да се реагира на двојните критериуми во нашето опшстетво. Во политиката сум седум години и немам видено реакција, вклучително и од Институтот, дека бил против или ја стопирал продажбата каде што е местото на куќата на Мајка Тереза, додаде Шилегов.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ