• Latest

Шилегов: Пописот ќе се спроведе во април, обидот за политиканство на опозицијата нема да успее

February 10, 2021
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Пописот ќе се спроведе во април, обидот за политиканство на опозицијата нема да успее

„Успешен попис за локалната самоуправа значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади, јавни простори, одржлив сообраќај, развиена локална економија, зголемена енергетска ефикасност и здрава животна средина“, вели Шилегов.

February 10, 2021 13:38
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Како држава ние немаме 19 години спроведено попис, и ако сме барем малку одговорни, ние во локалната самоуправа немаме право да стравуваме од обврските за пописот, бидејќи тие податоци се основа за креирање политики на локално ниво“, вели Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, на панелот на ЦИВИЛ, „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“.

„Ние како ЗЕЛС имавме средба со ДЗС да ги направиме подготовките за спроведување на пописот во инфраструктурна смисла, просторна и техничка пред се и дел од персонал, и мислам дека сме подготвени да ги исполниме барањата на Заводот за статистика што ќе ги достават до нас (градоначалниците).

Многу е битно да ги добиеме податоците и како држава и како единици на локална самоуправа, бидејќи тие податоци се основата за креирање на развојните политики во самите единици во локалната самоуправа во микро-економското планирањето на делот што општините го имаме како ингеренции. Ќе добиеме и податоци за определени научни истражувања кои се одбвиваат на ниво на држава.

За нас пописот ќе биде од корист за планирање на добра инфраструктура, да може да испланираме паркови, плоштади, јавни простори, да имаме одржлив сообраќај затоа што ние немаме точни податоци за бројот на домаќинства, ниту на возила… Тие податоци се битни за Град Скопје за да знаеме каде да вложуваме во инфраструктурата, туку ние досега одиме на искуство и на податоци кои ги имаме од претходно“, вели Шилегов.

Тој вели дека во изминатите години имаа потешкотии да ги спроведат активностите.

„Гранап да имате ќе мора еднаш годишно да направите попис. Без попис не можете да си го водите бизносот, затоа се прави попис на секои 10 години, за да може да се креираат политики на долг рок.

Ние немаме поинаков избор, мораме да ја реалирираме оваа обврска. Стандардите кои ги применува ДЗС се во согласност со стандардите на ОН и Еуростат.

Како ЗЕЛС уште од 2018 година како подготовка на Законот за попис имавме декларирано членови во советот на Заводот за статистика, тоа е Борјанчо Мицевски градоначалникот на Крива Паланка и Фатмир Дехари, градоначалникот на Кичево со цел да дадеме придонес или наши размислувања како ЗЕЛС во рамки на овој закон“, рече тој.

Шилегов истакна дека локалната самоуправа ќе биде сервис и ќе ги исполнат барањата на ДЗС за успешно спроведување на пописот. Тој вели дека не ни размислува за одложување на пописот, додавајќи колку побрзо го завршиме пописот толку побрзо ќе продолжиме со процесите.

„Ако го одложиме овој попис, тогаш ќе излеземе од методите и стандардите за ваква операција, не случајно овој период се одбирал како за најповолен период.

Обидите за политиканство и бојкот на пописот од одредени политички структури се обид за деструкција на процесите кои едноставно мораме да ги направиме како држава. Ние немаме право да бидеме деструктивни ни кон државата, ни кон општеството, најмалку кон граѓаните“, нагласи Шилегов.

Скопскиот градоначалник апелира до граѓаните масовно да се одзват на обврската за попис и луѓето што ќе ја вршат теренски оваа работа да бидат добро пречекани во секое домаќинство.

„Политичко лицемерие е тоа што го прават тие што даваат отпор да се спроведе пописот“ вели Шилегов, додавајќи „во оваа фаза ќе се повикуваат на деструкција и одлагање, а во некоја друга фаза ќе има обвинувања зошто не е завршен пописот“.

„Во Град Скопје ме критикуваат зошто направивме парк и сме потрошиле 300 илјади евра, бидејќи било пандемија и не е време за правење на такви работи, а веќе наредната недела ме критикуваат зошто не го направивме забавниот парк. Јас кога бев во опозиција бев жесток критичар, меѓутоа за проблемите нудев и решенија како соодветно да се постапи“, вели Шилегов.

Тој вели дека опозициската политичка структура е структура која знае само да предизвикува паники и лажни вести.

„Ќе ве вратам малку наназад, кај се бегалските кампови, кај е растурената држава поради Преспанскиот договор, додека се одвиваа преговори со Бугарија за отпочнување на датум за преговори со ЕУ, имавме изјави во смисла ‘ова ќе потпишат со Бугарија, она ќе потпишат’, а ништо од тоа не се случи…

Немаме право заради дневно-политички поени да ги стопираме стратешките процеси на државата“, нагласи Шилегов.

Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ