• Latest

Шпајзот на развиените земји

October 17, 2019
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шпајзот на развиените земји

Заземав страна, додека ја бранев актуелната власт уште од времето кога беше опозиција, и не се каам. Сметам дека и најгрдата страна на оваа гарнитура е поприфатлива од најубавата страна на претходната. Што ја нема. Заземав страна кога ги прифатив забелешките на дел од членките на ЕУ во однос на побараните реформи кои требаше да ги донесе мојата татковина, посебно оние кои доаѓаа од страна на мојата земја на дочек - Франција.

October 17, 2019 20:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА
Париз, 17 октомври 2019

Дали сево ова е оркестрирано на толку маестрален начин што не сме способни да го перцепираме?

Дали стратешки навистина ù требаме на ЕУ? И зошто?

Кому му оди во прилог масовниот егзодус на македонските интелектуалци, општата апатија на оние малку што останаа и потиштеноста на обичниот, македонски граѓанин, наспроти семоќноста на шака итреци?

Ќе се обидам да не звучам како огорчена љубовница пред празните ветувања за привилегиран статус, со години изустувани од несериозен партнер, но не ви ветувам дека ќе успеам.

Заземав страна, додека ја бранев актуелната власт уште од времето кога беше опозиција, и не се каам. Сметам дека и најгрдата страна на оваа гарнитура е поприфатлива од најубавата страна на претходната. Што ја нема.

Заземав страна кога ги прифатив забелешките на дел од членките на ЕУ во однос на побараните реформи кои требаше да ги донесе мојата татковина, посебно оние кои доаѓаа од страна на мојата земја на дочек – Франција.

Денес повторно заземам страна, надвор и настрана од сите политички субјекти, македонски, француски, европски, руски или американски. Денес заземам страна имајќи ги во предвид фрустрациите и безнадежноста на граѓаните на Република Северна Македонија. Заземам страна за себеси и она што остана после ова пропуштено рандеву со историјата, и покрај нашите напори да бидеме навремено присутни и со средено Curriculum Vitae и насловно писмо.

Тито ни дал држава. В ред. Сме успеале, како-тако да ја сочуваме независна (на хартија) некои триесетина години. Од најразвиена земја, бизарно, се наоѓаме на листата на најзаостанати земји. Нешто штрчи.

Нашата географска положба можеби и не е толку фантастична како што отсекогаш нè убедувале. За трговска размена меѓу Грција и ЕУ, меѓу Бугарија и ЕУ – ние сме далеку од неопходен транзитен пат.

Нашата историја не е толку фасцинантна како што сме учеле. Ние сме случајни учесници во познати борби и историски настани, но никако иницијатори.

Нашите природни богатства се далеку од непроценливи азна, а ние сме толку кратковиди за да ги експлоатираме на соодветен начин, што оставаме други да ни диригираат што да чиниме со нашето, наивно верувајќи дека диригентите ќе гледаат на тоа како да е нивно.

Нашите стручни кадри, интелектуалци, генијалци, фаќаат пат кон Европа, Америка и Австралија од економски и општествени причини. Тоа, нели, веќе е совршено јасно. Дали тоа им смета на земјите на дочек? Сè повеќе сум убедена дека не е така. Верувам, во последно време, дека овој селективен егзодус е намерно инициран, провоциран и поддржан од овие земји.

Не сме најпаметна нација, но паметните од кај нас се корисни далеку од нас. Не затоа што таму нема, туку за да нема на наша територија. Интелектуалната фела, своеумните луѓе, способни сами да анализираат, во границите на Северна Македонија се опасност. На таа територија треба работна рака, да произведува храна за Европа која своите плодни почви ги насади со урбани згради и домови во име на капитализмот. Потребни се луѓе кои ќе живеат ден за ден и ќе се сметаат за среќни доколку имаат строг минимум за да преживеат, дур овозможуваат комодитет онаму кај што целат да бидат без да знаат, а нема да бидат никогаш.

Ние сме риби кои завршуваат автоматски закачени на трската или фрлени на песок дури сонуваме некој да нè извлече од тињата. Ние сме шпајз (знаете што е, нели?) на развиените земји, од Русија до САД, нивна официјална депонија и напластен филтер со послушност, кој лошо третира ориентални мигранти за да добие тапкање по рамо од замислени сојузници, дур го врти тркалото чија единствена секвенца е: „ПОВЕЌЕ СРЕЌА НАРЕДНИОТ ПАТ“.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ