Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени дека формирал тим од стратешки соработници, домашни и странски, кои ќе му помогнат во обновата на Македонија. Тимот е составен од професори, доктори по наука, експерти и аналитичари образовани на престижни меѓународни универзитети. Тимот е составен од надпартиски личности кои вчера ја добилe поддршката од Извршниот комитет на партијата. Мицкоски најави дека тимот на стратешки соработници ќе се проширува.
Во тимот на стратешки соработници се: професорката Гордана Силјановска – стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем. Сашко Кедев – медицина и здравствени политики. Владимир Дуковски професор во пензија стратешки соработник за технолошки развој. Стратешки соработник за економија е Хозе Караско воинртеден професор во Мадрид, Шпанија, Игор Дурловски стратешки сорабоитник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми, а Јанко Баждавела, од Њујорк. За прашања од областа на спортот стратешки соработник е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Ака Махмуд од областа на туризмот, косопственик на ЕРЕК групацијата. За прашања на трудово парво вонреден професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков професор на Машински факултер. За интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски. За бизнис и оргнизациски стратегии професор Гоце Андреевски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.
– Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент на општеството – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Животот во Македонија е полн со неправди и несигурност. Изминува речиси третата година но сепак не е подобро. Но затоа криминалот и корупцијата се секаде околу нас. Не сретнав човек без проблеми. Народот не верува во мантрата дека ќе ни бие подобро. Народот е сѐ помалку трпелив. Целта на владата не е да ги решава проблемите туку како да украдат денар повеќе Македонија не смао што ги губи деновите во чекање, туку ја губи и иднината. Затоа излеговме меѓу народот и за едена недела повеќе од 10.0000 граѓани кажаа што ги тишти. ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку ќе понудиме решенија за проблемите За таа цел потребна е мобилизација на целокупниот потенцијал со кој располагаме бидејќи на македонија и треба обнова – рече Мицкоски.
извор: Плусинфо












