• Latest

Силна поддршка од Словачка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ

February 9, 2021

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Силна поддршка од Словачка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ

February 9, 2021 09:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Словачка јасно и недвосмилено го поддржува членството на земјава во ЕУ и се надева дека преговарачката рамка на Северна Македонија со Унијата ќе биде усвоена за време на португалското претседателство, односно во текот на првата половина од оваа година. Во исто време, властите во Скопје остануваат посветени на изнаоѓање решение за разликите со Бугарија, додека 69 проценти од населението во земјата го поддржуваат зачленувањето во Унијата, поддршка која бележи тренд на пораст во споредба со 2019 година.

Шефот на словачката дипломатија Иван Корчок при вчерашната посета на земјава изрази надеж дека преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ ќе биде усвоена за време на португалското претседателство и оти сите земји членки на Унијата ќе постигнат консензус по тоа прашање.

Корчок порача дека земјата треба да продолжи со реформите, бидејќи тие не се прават за бирократијата во Брисел, туку за самите граѓани.

– Од наш интерес е да ве поддржиме на патот кон ЕУ. Ние дури и не можеме да го наречеме Западен Балкан како сосед, туку е повеќе од тоа, во географска смисла. Но, мора да ги споделувате истите вредности и најпосле да станете членка на ЕУ, рече Корчок, потенцирајќи дека Словачка е силен поддржувач на патот на земјава кон ЕУ.

Корчок, во зедничката колумна со министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек за „Еуобсервер“, оценува дека на смее да се дозволи ЕУ да стане колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот, бидејќи тоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од подобрениот пристап за транспарентност и предвидливост.

– Затоа, ние не поддржуваме никаква насока што би санкционирала толкување на историски прашања. Барањето да се постави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо. Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаат, оценуваат Петричек и Корчок во колумната насловена „ЕУ не треба да биде судија за историски прашања“.

Особено, велат првите дипломати на Чешка и на Словачка, не смее да се дозволи таквите барања да станат формален дел од критериумите за пристапување, бидејќи ќе ја претвори ЕУ во арбитар на националните истории.

Според шефот на дипломатијата Бујар Османи, јасната и недвосмилена поддршката од Словачка на нашата земја за влез во ЕУ е посебно значајна во овие комплексни моменти кога Унијата не успеа да постигне консензус за нашиот напредок.

– Поддршката од Словача е јасна, недвосмислена и принципиелна. Северна Македонија заслужи почеток на преговори, за што има одлука донесена со консензус во март минатата година. Можам да се согласам дека не треба во ЕУ да внесуваме недоразбирања, но во исто време објективен е впечатокот кој се создава и кај нас и кај останатите земји во регионот дека процесот на интеграција станува непредвидлив, нејасен или попрецизно е вид подвижна мета која не наградува според учинок туку според актуелните политички околности, рече Османи на заедничката прес-конференција со Корчок.

Осврнувајќи се на проблемот со Софија, Османи порача дека нашиот пристап е да се вратиме на начелото на Договорот за добрососедство со Бугарија, чија идеја беше да се институционализира дебатата по однос на разликите што ги имаме.

– Нашиот пристап е дека треба да се вратиме на начелото на Договорот и затоа сметавме дека треба да се претстави акциски план со цел да продолжиме во соработката, да го одржиме амбиентот во соработката помеѓу двете држави додека разговараме, рече Османи, додавајќи дека додека се водат разговорите за надминување на разликите со Бугарија, паралелно треба да продолжи и европскиот процес на земјава.

Премиерот Заев на средба со Корчак, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, потенцира дека наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за овој процес.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ