• Latest

Симовски: Попис во септември ќе има – загрижувачки тренд на иселување од државата

July 5, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: Попис во септември ќе има – загрижувачки тренд на иселување од државата

July 5, 2021 13:02
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Само во Германија живеат над 130 илјади наши сограѓани. Секое трето новороденче се раѓа во странство – затоа населението во Северна Македонија старее. Директорот на ДСЗ не очекува дека пописот ќе регистрира повеќе од 1.5 милиони жители во државата, пренесува Слободен Печат. 

„Не планираме одложување на пописот. Нормално, се ќе зависи од состојбата со пандемијата, но со оглед на последните информации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април. Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на заштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки. Од тој аспект населението не треба да биде загрижено. Септември и очекуваме да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот да го правиме на отворено“, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

-Очекуваме и дека добар дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Обезбедени се вакцини за нашиот персонал, вели Симовски и додава дека Заводот ќе има евиденција на тоа кој е вакциниран.

-Планот е во втората половина од овој месец да го објавиме конкурсот за до почетокот на август да имаме комплетна слика, изјави Симовски.

Говорејќи за хонорарот на попишувачите Симовски вели дека нивото на хонорарите е сосема солидно и зависи од тоа колку попишувачите ќе сработат.

-Нашите планирања се тие хонорари да се движат од 20.000 до 30.000 денари, што е сосема солидно за помалку од месец дена работа.

-Она што сите не загрижува е дека голем број на луѓе ни се отселуваат. Показателите кои ги прибираме со статистичките истражувања во однос на раѓањата укажува дека имаме континуиран пад на раѓањата дома, додека расте на раѓањето во странство. Сето ова укажува дека добар дел од нашата популација е иселена од државата. Оттука е и мојот страв дека бројките на населението се помали. Податоците што ги гледав се запрепастувачки. Податокот од германскиот статистички завод е дека крајот на 2020 година во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој. Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани, а таква бројка е близу 300.000. Само овој податок ќе ве замисли. Каде се останатите европски земји, прекуокеанските земји. Од она што сега го прибираме со само попишувањето во странство, верувајте ми дека нема точка на земјината топка каде немаме наши државјани, вели Симовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ