• Latest

Симовски: Статистиката ја регистрира реалноста, тоа е нашата обврска и тоа мора да го направиме

January 17, 2021
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Симовски: Статистиката ја регистрира реалноста, тоа е нашата обврска и тоа мора да го направиме

January 17, 2021 12:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Статистиката не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста, тоа е нашата обврска и тоа мора да го направиме, порачува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Како што вели, секогаш ќе има незадоволни во државата каков и попис да направите. Да дојдат и најреномираните светски стручњаци да спроведат попис, дури како попишувачи да ги собереме од цел свет, пак некој ќе има на кој нема да му се допаѓаа.

-Лично на мене нема да ми се допаѓаат податоците на пописот, бидејќи јас знам дека ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, но ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации, значи далеку ќе бидеме од тоа дека имаме раст на населението или што било, значи јас ќе бидам прв ќе бидам незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам. Треба да погледнеме, да отвориме очи, да си ја прифатиме реалноста каква ни е. Статистика не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста, тоа е нашата обврска и тоа мора да го направиме. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, ама буквално не ме интересира дали некој, а особено на политички субјекти дали им се бендисуваат податоците. Битната работа е да обезбедиме здрава основа за оние што сме тука и оние кои треба да го планираат развојот на оваа држава во позитивна, добра насока да имаат добра основа, тоа мора да го овозможи пописот, наведува Симовски.

Оваа операција, порачува Симовски, мораме да ја спроведеме како што треба, тоа е многу битно да се потенцира, и тоа од многу аспекти. Прво на оваа држава ѝ требаат, неопходни се, нужни, екстра потребни сите овие информации околу пописот и ние мораме таа обврска да си ја исполниме. Втората работа е она што како институција којашто потфрли во 2011 година и не успеа да спроведе попис, да си го вратиме своето реноме. Да покажеме дека тоа било момент, не е тоа нешто што е пракса во институцијата, дека се враќаме на она да си го задржиме вистинското место кое го заслужуваме во општеството како институција. И на крајот на краиштата да си ги завршиме сите обврски како држава, членка кандидат сме, сакаме да одиме во Европа, имаме обврски, поглавјето статистика е едно од поглавјата, имаме посебно поглавје кое е во првиот кластер, значи важноста на тоа поглавје е исклучително висока, затоа е ставено во тој кластер, а првиот бенчмарк, првиот наш приоритет е да спроведеме попис. Како и да го поставиме прашањето, ние мораме овој попис да го спроведеме и она што е до нас ќе го спроведеме, да течат подготовките и она што е врзано со нашата активност си одат подготовките без никаков проблем соодветно на програмата, на тајмингот којшто ние сме си го поставиле како институција, и тука до сега немаме никаков проблем.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се земаат отпечатоци, наведува четири моменти, што, вели, се многу битни и поради кои не може да се прифати вакво барање.

Прво, појаснува, е правниот момент, значи имаме Закон за правна статистика, имаме Закон за заштита на лични податоци и имаме Закон за полиција, овие три закони даваат можност дали вакво нешто може или не може да се спроведе и сите три закони велат не може. Зошто? Единствената институција овластена да прибира отисок од прст и да го користи е МВР, и тоа еден сегмент од МВР, мислам дека тоа е Управата каде што даваме податоци кога вадиме лични карти и пасоши. А другиот сегмент што може да ги користи, дури овие не можат да го користат и тие се строго класифицирани податоци кој може да ги користи со посебни уредби, одобренија, на лична основа кој може да ги користи. Ние како институција немаме право да ги користиме тие податоци. Ние како институција, согласно Законот за државна статистика и Законот за заштита на лични податоци не смееме да ги дадеме податоците од кое било статистичко истражување на друга институција, значи тие можат да се користат само за статистички цели, јас не можам да ги дадам на МВР проверете ми ги сега овие дали овој отисок е на тоа лице кое што се попишало. И да сакам не можам, тоа е законскиот дел, наведува Симовски.

Втората работа, дополнува, е околу техничкиот дел, ние имаме лица, единици на попис коишто немаат отисок во МВР. Тука се прво лицата кое се надвор од државата, не може да дадат, не може физички да остават отисок. Имаме малолетни деца кои немаат лични документи, не сите деца имаат пасоши, а лични карти може да вадите после 16 години, и трето имаме странци кои се дел од пописот, а немаат отисок во МВР. И сега тука се поставува прашањето дали некои ќе бидат повластени да не остават отисок, а некои дискриминирани да оставаат. И на крајот четвртата компонента е што ние веќе имаме подготвено апликација за попис. Допрва ако вградуваме и отисок, мене ќе ми треба уште најмалку година дена да се работи таа апликација да и тој отисок влезе во шемата на таа апликација, што апсолутно нема шанси да го дозволам, посочува директорот на ДЗС.

Прашан како ќе се одвива пописот во услови на пандемија и дали стравува дека луѓето нема да ги отвораат вратите од своите домови за пописничарите и дека тоа после нема да даде реални бројки, наведува дека стравува исклучително многу и потенцира дека сите учесници на пописот ќе ги почитуават мерките за заштита.

-Се надевам дека овој тренд којшто го имаме во моментот ќе се задржи. Во овие две недели да ги видиме ефектите од Нова година и Божиќ какви ќе бидат врз движењето на бројката на заболените, меѓутоа не очекувам дека на пролет ќе има раст, бидејќи на крајот на краишта се менуваат временските услови, веќе излегуваме надвор како население, нема да бидеме затворени по домовите. Меѓутоа нашите подготовки се базираат на тоа како беше пред две-три недели, кога го имавме најголемиот пик и кога имавме по илјада и кусур заболени луѓе дневно, значи нашите подготовки ги правиме на таков начин. Сите учесници на пописот ќе ги имаат апсолутно строго, најстрого да ги применуваат мерките коишто ги пропишала Комисијата, ама и уште построго од тоа, значи секој мора да носи маска, да има средство за дезинфекција пред да влезе во домаќинството и откако ќе излезе и секој треба да овозможи услови лицата што се попишуваат да знаат што е запишано за нив, значи се од тоа ќе биде регулирано на начин, со протокол, кој независно од состојбите, ќе го спроведуваме, вели Симовски во интервју за РСЕ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ