Молк за жртвите, паролите „Секој еден може да е следен“, „ Доста беше смрт“ и „Нема да молчиме“ беа дел од протестниот марш организиран од иницијативата „Кој е следен“ , на кој стотина граѓани побараа правда и одговорност за трагедиите кои се случија во земјава изминатите години.
Протестот започна пред Владата, по што граѓаните продолжија кон Собранието, а маршот го завршија пред Кривичниот суд во Скопје, каде беа прочитани имињата на жртвите кои биле прегазени низ македонските улици, пожарот во Кочани, модуларната болница во Тетово ,автобусот на „Беса транс“, поплавата во Стајковци.
Организаторите на протестот се оградија од политички влијанија, но истакнаа дека Властите наместо да се фокусирале на барањата на граѓаните и промена на системот , тие посветувале внимание на тоа кој
Од иницијативата најавија дека имаат неколку барања кои етапно ќе ги поднесуваат до сите институции, а првото веќе го доставија до Владата.
Бараат реформа на правосудниот систем, воведување на електронски систем каде што институциите ќе ги поднесуваат записниците од инспекциски надзори на угостителските објекти, за јавноста да има увид кој работи со лиценца, а кој на „диво“ – со цел никогаш да не се дозволи да се повтори трагедијата од Кочани.
На крајот ги повикаа граѓаните да го кренат својот глас и да побараат правда за сите трагедии кои се случиле поради корупцијата и нефукционалноста на системот, по што присутните со 3 минутен молк и аплауз одадоа почит на жртвите.
М. Д.