• Latest

Скопје очекува поддршка од Софија за ЕУ

October 30, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје очекува поддршка од Софија за ЕУ

October 30, 2020 09:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало и ќе нема. Тоа се ноторни и меѓународно потврдени факти и наши црвени линии од кои не може да има отстапки. Бугарија ни е пријател и очекуваме да ја признае таа реалност.

Ова го порача македонскиот државен врв по вчерашната седница на Советот за безбедност, осврнувајќи се на ставот на Софија за почетокот на преговорите на С.Макеоднија со ЕУ и медиумските написи за бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Унијата во кој се доведуваат во прашање македонскиот јазик и идентитет, како и правањето паралели со Преспанскиот договор со Грција, пренесува МИА.

– Грција го призна нашето право за самоопределување, нашето право за самоопределување е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет, нашиот македонски јазик нема и не треба да има, ниту некој тоа го бара. Бугарија е пријателска земја и јавно истакнува дека го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Таа ја призна реалноста. Јас верувам дека работните групи кои разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата навистина очекувам од бугарскиот народ, од бугарското лидерство да направи конкретен прецизен чекор за македонскиот народ и македонскиот јазик, истакна премиерот Зоран Заев.

Уште еднаш повтори дека нема нов договор со Бугарија, ниту пак анекс на договорот. Од македонска страна, вели, има подготвеност да се појаснат, допрецизираат одредени работи. Очекува недоразбирањата да се надминат, а заедничката комисија да најде решенија за отворените историски прашања, како што посочи, низ духот на пријателството, што полека ќе не сплотува и зближува како добри соседи и две пријателски земји.

На иста став е и претседателот Стево Пендаровски. Нагласи дека преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало никогаш и кога е правен Преспанскиот договор.

– Кога го потпишавме Договорот добивме содржина со чиста формулација влезена во најголемата светска организација со 193 земји членки – македонски јазик. Точка. Толку. Од тие наши линии ние нема да отстапиме и безрезервно ќе ги браниме, рече Пендаровски.

Запрашан како ќе се најде компромис ако секој се држи до своите позиции, тој вели дека тоа ќе се направи исто како што се нашол компромис со Грција.

– 25 години преговаравме додека не сфативме што е за нив битно и за нас апсолутно најважно и на крај дојдовме до договор преку компромис. Мора да го почитувате условно кажано и својот политички опонент во преговорите. Убеден сум дека бугарските највисоки раководители се на ставот дека македонскиот јазик и Македонците како нација се реалност и тие ќе го признаат тоа, рече претседателот Пендаровски.

Скопје очекува поддршка од Софија и да не го попречува одржувањето на првата меѓувладина конфренција и почетокот на преговорите со ЕУ.

Тое го очекува и бугарскиот европратеник и известувач за С.Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук. Смета дека преговорите треба да почнат до крајот на годинава, а отворените прашања да се решаваат во билатерален формат.

– Ако не почнат преговорите, особено со вакво силно германско претседателство, сите ќе бидат губитници, вели Ќучук во интервју за Независен.мк

Запрашан  како евентуалното бугарско вето би се одразило на односите меѓу двата соседа, тој вели дека Софија нема јасна позиција дека ќе ја блокира С. Македонија.

– Јас не сум слушнал категорично „не“, дека ќе има блокада од Бугарија. Од бугарска страна, нема официјална позиција. Има изразено мислење кое, колку што сфаќам, се дискутира од двете страни и има многу интензивен дијалог меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, посочува Ќучук.

Според него, Брисел не може да се занимава со Скопје и Софија, нагласувајќи го категоричниот став на  Европската комисија дека билатералните спорови треба да бидат решени на билатерален начин и тие нема да бидат дел од општиот преговарачки процес.

– Мој став е дека Бугарија и Северна Македонија се две многу блиски држави, кои споделуваат заедничко минато и треба да споделуваат заедничка иднина во ЕУ. И не можеме да очекуваме трета страна арбитер да ги разрешува споровите меѓу нас. Треба да се решат низ дијалог и разбирање. А, тоа не е нешто што се решава од денес за утре. Некои нешта се решаваат, на пример, за пет шест години, има време. Прво да се донесе одлука, а потоа ќе се движиме напред. А, ако сега кажеме да или „не“, ги затвораме вратите. Треба да има процес, да има развој, вели бугарскиот европратеник и известувач за С.Македонија во ЕП, Илхан Ќучук

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ