• Latest

Скопје очекува Приштина да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

April 3, 2021
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Скопје очекува Приштина да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

April 3, 2021 12:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Скопје бара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, кој вчера е уапсен во Косово“, потврди денеска премиерот Зоран Заев.

„Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовскит власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и С Македонија се имаат обвразано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји. Секако, никој не е виновен додека со правсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој слулај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето“, рече Заев денеска во Велес, одговорајќи на новинарско прашање.

Африм Исмаиловиќ, еден од осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша изјави дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

„Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија“, изјави вчера Бериша.

Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15 односно девет години зазтвор. За обвинетиот Сами Лута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.   

Во претходна постапка за убиството на  момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.  

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 година го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети. /МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ