• Latest

Следните дипломатски чекори по вчерашниот договор за името

June 13, 2018
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Следните дипломатски чекори по вчерашниот договор за името

June 13, 2018 14:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на 2018, предвидено е да завршат сите дипломатски активности од македонска страна, но и ратификацијата на договорот од Собранието кај нас и Парламентот во Грција. Но претходно, потребно е да се направат конкретни чекори и обврски.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според медиумите во Грција, но и според грчки владини извори, додека да стигне договорот пред пратениците во Грција, предвидени се следните чекори:

15 јуни – Расправа во грчкиот Парламент

Од опозициската Нова демократија побараа, а тоа го пот, пред двете земји да го потпишат договорот, да се одржи расправа за договорот во грчкиот Парламент. Оваа расправа, неофицијално ќе се одржи в петок.

16 јуни – Потпишување на договорот

Официјално не е соопштен датумот кога би се потпишал договорот меѓу двете земји, меѓутоа во грчките медиуми и во новинарските кругови во Грција, се повеќе се споменува дека Зоран Заев и Алексис Ципрас во сабота ќе заминат за Преспа (на грчка територија), а договорот ќе го потпишат шефовите на двете дипломатии Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Во текот на јуни – Ратификација на договорот во македонското Собрание

Потпишаниот договор ќе треба да добие зелено светло од македонското Собрание, а медиумите во Грција коментираат дека е веројатно претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише договорот и да го забави процесот

По ратификацијата допис од Грција до НАТО и ЕУ

Според медиумите во Грција, официјална Атина ќе испрати допис до НАТО и ЕУ во кој ќе пишува дека ја поттикнува интеграцијата на „Северна Македонија“ во НАТО и почеток на пристапни преговори со ЕУ, но под услов да се заврши со уставната ревизија. Интеграцијата во НАТО и отворање на поглавјата со ЕУ, според грчки владини извори, ќе биде откако ќе се заврши со уставната ревизија.

25-26 јуни – Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ

Позитивна порака од ЕУ, од Советот на министрите за надворешни работи на унијата.

11 јули – НАТО Самит

На НАТО Самитот на 11 јули, „Северна Македонија“ ќе добие покана но под услов да се направи уставна ревизија.

Септември- октомври референдум

Одржување референдум кај нас, а исходот да биде позитивен. Во спротивно дел од медиумите во Грција споменуваат можност за распишување парламентарни избори со референдумски карактер. Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека референдумот ќе се одржи септември или почетокот на октомври.

Уставна ревизија

По референдумот, со претпоставка дека ќе има позитивен исход, според грчките медиуми ќе следи уставна ревизија и допис од премиерот Заев до земјите што ја имаат признаено Македонија под уставното име дека новото име е „Северна Македонија“

Ратификација во грчкиот парламент

Откако ќе се завршат сите претходни чекори и обврски договорот ќе се ратификува во грчкиот Парламент, а „Северна Македонија“ ќе стане членка на НАТО.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ