• Latest

Слобода и приватност

November 22, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Слобода и приватност

November 22, 2017 14:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
На тринаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“ на тема „Слобода и приватност“ која се одржа денеска во Холидеј Ин, фокусот беше на реформите во областа на медиумите и зајакнувањето на јавната свест за реформските приоритети и за предизвиците во медиумската сфера.

На отворањето се обрати министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“, Фани Каранфиловска-Пановска и претставничката на управниот одбор на „Метаморфозис”, Радмила Живановиќ.
„Оваа конференција веќе трианесет години претставува можност за инклузивно и партиципативно вклучување на сите релевантни и значајни субјекти во презентација и дискусија на локални теми кои се важни за развојот на информатичкото општество. Таа претставува форум каде претставниците од невладиниот, владиниот, бизнис, академскиот сектор и медиумите имаат прилика не само да разговараат за предизвиците, туку и преку вмрежување и создавање партнерства да бараат и предложат решенија за развојот на информатичкото општество“, потенцираше Живановиќ.

Министерот Манчевски истакна дека темата на денешната конференција е интересна и дека ние како држава сме многу интересна дестинација за оваа тема, особено имајќи го предвид фактот што во изминатиот период се прославивме како „држава позната по лажните вести“. Манчевски ја истакна важноста на граѓанскиот сектор и невладините организации во решавање на проблемот.

„Во владата треба да гледате единствено како на партнер преку којшто ќе можете и ќе имате шанса да ги остварите своите интереси и своите замисли. Е-општеството е многу општ поим, опфаќа речиси сè, многу дилеми коишто ги имаме и во Владата и навистина очекуваме конкретни предлози и стратегии, на коишто им даваме релевантно значење“, рече Манчевски.

„Можна ли е слободата без сериозна заштита на приватноста? Значи ли екстремната заштита на приватноста ограничување на слободата? Треба ли слободата и приватноста да одат рака под рака ако сакаме да го задоволиме јавниот интерес? Или можеби слободата и приватноста одат во спротивна насока и се судираат? И каде е во тој случај линијата што ја цртаме за да го обезбедиме јавниот интерес и притоа да бидеме сигурни дека сме доволно слободни и доволно заштитени? Не сум сигурна дека ги имам одговорите на овие прашања, но сигурна сум дека ако ме прашате која е линијата на размена меѓу слободата и заштитата на приватноста, ќе речам слободата. Затоа што слободата е таа која ми помага да се борам за заштита на приватноста!“, заклучи Каранфиловска-Пановска.

Текст и фотографија: Маја Ивановска

Tags: „Е-општество“„Слобода и приватност“Дамјан МанчевскиметаморфозисФани Каранфиловска-Пановска
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ