Слободанка Алексовска, ексраководителката во Агенцијата за вработување, придружник на Христијан Мицкоски во странство, а сега вработена во болницата „Систина“, е женcкото лице чиј глас се слуша во вчера објавените аудиоcнимки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, открива „А1он“.
Запрашан дали Алексовска била на средбата од која аудиоматеријал беше објавен на „Јутуб“, Кичеец за А1он ја потврдил информацијата.
Алексовска работи во „Систина“, каде што, според веб-страницата на болницата, е директор за човечки ресурси. Орце Камчев, пак, е претседател на Одбор на директори во „Систина“. Нејзин сопруг е Оливер Алексовски, ексначалник на Шестата управа при МВР, кој на 24 декември 2012 дал наредба пратениците да се исфрлат од Собранието. Сега и тој работи во „Систина“ на раководна функција поврзана со обезбедувањето на објектите, велат од „А1он“.