• Latest

Словенечкото претседателство со ЕУ – нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите на Северна Македонија

July 1, 2021
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Словенечкото претседателство со ЕУ – нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите на Северна Македонија

July 1, 2021 10:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. За Северна Македонија, тоа значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите и нова надеж за почеток на преговори. И европски високи претставници го охрабрија словенечкото претседателство да работи по предлогот што на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство, со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

Деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ и тоа е „морално прашање“, изјави минатиот месец словенечкиот претседател Борут Пахор.

Тој нагласи дека треба да се изнајде начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија и оти тоа е сега е не само политичко, туку и „морално прашање“ за Европа, нагласувајќи дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот.

– Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло, рече Пахор, но додаде дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.

Директорот на Центарот за европски стратегии Евротинк, Димитар Николовски, изјави за МИА дека охрабрува фактот оти проширувањето, вклучително и отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, е меѓу трите највисоки приоритети на словенечкото претседателство.

– Со оглед на географската положба и историските врски, Словенија е најдиректно засегната со ова проширување, во споредба со другите две земји од претседавачкото трио – Германија и Португалија, оценува Николовски.

Сепак, додава Николовски, не очекувам откочување на процесот за време на словенечкото претседателство, поради фактот дека Словенија ја нема таа моќ на убедување.

– Позитивното е дека сме се уште највисок приоритет, па со ангажманот на помоќни земји членки би можело да има постепено приближување на позициите меѓу Бугарија и Северна Македонија, но тоа нема да биде краток процес, вели директорот на Евротинк за МИА.

По завршувањето на Советот за општи работи (ГАК) на 22 јуни, државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази жалење дека и покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, за да се одржи првата меѓу владина конференција со овие две земји кандидатки за членство во Унијата.

Таа додаде дека напорите да се дојде до позитивен заклучок ќе продолжат за време на претстојното словенечко претседателство, кое почнува на 1 јули.

Закаријаш рече дека и натаму ќе се преговара по предлогот што на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

Таа истакна дека португалското претседателство дало се од себе за да дојде до можен компромис и да се најде можно решение.

– Навистина би сакале денес да имавме, не две, туку четири меѓу владини конференции. Но разбираме дека е многу тежок политички момент. Затоа би требало да најдеме решение со кое сите страни би се чувствувале комфорно. Го охрабруваме словенечкото претседателство да ги продолжи нашите напори, да не го загуби моментумот, да ја продолжи дебатата и да го искористи предлогот што е на маса. Навистина се надеваме дека што е можно поскоро ќе ги одржиме тие две меѓу владини конференции со Северна Македонија и со Албанија за време на следниот семестар, рече Закаријаш.

На дебатата по прашањето за преговарачката рамка за С Македонија и Албанија, за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на 22 јуни, бугарскиот претставник рекол дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули, без да дава гаранции дека и идната политичка Влада во земјата ќе го деблокира ветото.

На состанокот на ГАК, Германија покажа силна заложба за почетокот на преговорите со Северна Македонија, но бугарската страна одби да попушти и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“. Берлин од своја страна предупредил дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“.

Како што тогаш изјавија дипломати на ЕУ, на Софија и било предочено дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“.

Мнозинството земји членки исто така го потврдиле ставот дека се против одвојување на Албанија и Северна Македонија. Германскиот министер за Европа Михаил Рот, пак, за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави дека Унијата без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир минатата недела исто така потврди дека Словенија ќе ги преземе напорите за предлогот на португалското претседателство со ЕУ.

Според него, октомври сега е реален датум за деблокада на евро перспективите на земјава.

Северна Македонија си ја заврши „домашната задача“ и ние мора да испорачаме. Tреба  да продолжиме да го туркаме процесот и да стигнеме до целта, за да ги почнеме преговорите, рече Гир.

– Дали октомври е реален? Да. Како што кажав, португалското претседателство работеше напорно, а Словенија потенцираше дека ова и е приоритет и ќе ја продолжи работата. И мислам дека сите разбираме дека треба да продолжиме да го туркаме процесот за да стасаме до целта и да ги почнеме преговорите, истакна евроамбасадорот.

Шефовите на дипломатиите на претходниот претседавач со ЕУ, Германија, досегашниот Португалија и идниот Словенија, Хајко Мас, Аугусто Сантос Силва и Анже Логар, на 26 јуни излегоа со заедничка изјава во која ветија напорна работа во претстојниот период со цел брзо надминување на моменталната блокада, откако С Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговори на јунскиот самит на Европската Унија.

Министрите за надворешни работи на овие три земји во заедничката изјава го потенцираат значењето на продолжувањето на процесот на проширување, како стратешка цел на Унијата. Тие велат дека моменталната блокада го поткопува кредибилитетот на ЕУ и е во спротивност со стратешкиот интерес на Унијата за стабилност на Западен Балкан.

– Крајно сме загрижени што сè уште не успеавме да започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, и покрај фактот што Советот донесе одлука за тоа уште во март 2020 година. Двете земји спроведоа низа реформи, а Северна Македонија инвестираше голем политички капитал во проширувањето и дури и го промени своето име. Крајно време е, ЕУ да си ги одржи своите ветувања. Германското и португалското претседателство напорно работеа на изнаоѓање на компромис, кој ќе овозможи да се оди понатаму, а словенечкото претседателство ќе ги продолжи овие напори и ќе се надоврзе на досега постигнатото. Веруваме дека билатералните прашања не треба да се пречка за напредок, кој е од толку суштинско значење како за ЕУ, така и за Западен Балкан, велат во заедничката изјава Мас, Силва и Логар.

Тројцата шефови на дипломатии додаваат дека токму процесот на проширување и перспективата на членството во ЕУ ја нудат најдобрата можна рамка за надминување на различните гледишта кои постојат кај сите партнери од Западен Балкан.

Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, напротив, постојано се обидуваме да го олесниме, изјави португалската амбасадорка во земјава Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, демантирајќи ги извештаите на бугарските медиуми од 29 јуни, дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш изјавила оти „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји”.

Пина, чија земја нагласи дека Закаријаш рекла оти „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик”.

Во однос на изјавата на Закаријаш, претседателот Стево Пендаровски оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад.

– Добрата вест е што португалското претседателство заврши, јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни инаку поинаку не може да се дојде до договор, рече Пендаровски.

Во реакција за МИА на изјавата на Закаријаш во однос на македонскиот јазик, од Владата истакнаа дека доколку е прецизно пренесена, и по суштина и по методологија таа е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение и дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање.

– Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања, додаваат од Владата.

Министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА оцени дека неговата државна секретарка Закаријаш згрешила со изјавата.

Силва на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северно македонски јазик“ е грешка.

– Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик, рече Силва.

Министерот понатаму додаде дека содржината на португалскиот предлог е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна. – Сметаме дека предлогот што го поднесовме и кој беше прифатен од Северна Македонија и мислам дека Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така, е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот, порача Силва.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, на 21 мај во Скопје и Софија донесоа предлог за надминување на билатералното прашање меѓу С Македонија и Бугарија. Македонскиот државен врв предлогот го оцени како добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ кое не задира во македонските идентитетски прашања. Софија, пак, побара јасни гаранции за нејзините национални интереси и за целосно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година.

Земјава од декември минатата година се соочува со вето од Бугарија за усвојување на преговарачката рамка, со што официјално би почнале преговорите за членство со ЕУ. Софија тврди дека Скопје не го исполнува Договорот за добрососедство, а исто така инсистира С Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени. Владата на С Македонија одбива да преговара за идентитетски прашања, истакнувајќи во многу наврати дека црвените линии, дури и по цена на членство во ЕУ се идентитетот и јазикот, оти за нив не се преговарало, ниту ќе се преговара во иднина.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ