„Ние живееме во свет кадешто не е се идеално. Како активистка за човекови права сакам да зборувам и за останати заедници кои не се доволно застапени во општеството“, истакна активистката Мерсиха Смаиловиќ, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.
„Во состојба на пандемија сите бевме еднакви, сите седевме дома, сите немавме вакцини, сите се боревме со болеста. Еднаквоста ја истакнуваме како примат.
Никој од помалкубројните етнички заедници не е доволно застапен во институциите. Државата треба да прави афирмативни мерки за вклучување на помалкубројните етнички заедници.
Пример, не може сите да конкурираат за одредено работно место. Граѓаните прават манипулација, се запишуваат дека се друга етничка заедница за да може да се вработат во одредена институција за одредено работно место“, вели Смаиловиќ.