• Latest

Со камп-приколки од Австрија и Германија по „буковец“ во Македонија

July 22, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со камп-приколки од Австрија и Германија по „буковец“ во Македонија

July 22, 2018 09:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Испечатени фотографии на лица од документарен филм….Толку понеле со себе ентузијасти од Австрија, Германија, Франција па и Финска, кога одлучиле да дојдат во Македонија по „буковска пипер“. 

Едноставно, сакале да го пробаат тоа „чудо“. Го изгледале филмот, им се видело превкусно, но брзо сфатиле дека не можат да направат електронски нарачки. Без да се двоумат, ја зеле работата во свои раце. Ги „запалиле“ камп-приколките и, ни повеќе – ни помалку, допатувале во селото Буково.

Сакајќи да ги најдат и лично да се запознаат со луѓето кои го прават овој наш, „стар“, традиционален зачин, со фотографиите оделе низ селото и ги барале.

буковец

– Прашуваа каде живеат, лично доаѓаа кај нив да ги запознаат, да се поздрават, да купат производ,…, Тоа беше и се уште е, случка за памтење, вели Елена Каровска од Буково, чие семејство со години прави и продава „буковска пипер“.

Каровска раскажува како се почнало.

– По снимањето и прикажувањето на документарниот филм за „буковската пипер“, пристигнаа многу меилови со барања да се испорачаат семиња или пипер надвор, во Франција, Австрија, Германија,… Но, проблем беше тоа што „буковската пипер“ не е регистрирана како национален производ. Со оглед дека не можевме да испорачаме, луѓето што беа заинтересирани, дојдоа тука, со камп-приколки. Ги испечатиле фотографиите на лицата од филмот и така ги бараа низ селото, истакнува Каровска.

Филмот го сними АРТЕ ТВ од Берлин кон крајот на септември 2016 годинаа. Премиерно беше прикажан во април 2017, по што следуваа проекции во повеќе држави. Станува збор за епизода од серијалот „На трпеза кај….“. Секоја од епизодите е снимана во некоја од државите на Балканот. Кај нас фокусот е ставен на пиперката, како дел од јадењата кои авторите/сценаристот ги асоцираа на Македонија. Филмот трае 25 минути и ги опфаќа сите активности што се поврзуваат со производството на пиперката, манипулацијата и секојдневната употреба во кујната на жителите од Буково.

буковец

– Името/називот „буковска пипер“ се користи во селото Буково, изворно од жителите, како и во околината на Битола и пошироко. Мислам дека и во Крушево го користат. Сепак, на национално ниво, особено во скопскиот регион, „буковската пипер“ е попозната како „буковец“. Во суштина се работи за истиот зачин. Се прави скоро секаде, но најдобро во Буково, зашто локалните жители се уште имаат трпение целиот процес да го направат рачно, почнувајќи од садење, нижење, манипулирање со низите, но и бидејќи генетскиот ресурс кој го зачувале е подобен, лесна за сушење, вкус, мирис,…, токму за еден ваков производ, напоменува Елена.

Традиција долга најмалку век и пол

Производството на „буковец“ трае минимум 150 години. Тоа, вели Каровска, е период што може да се потврди со усни преданија, а вистината е дека веројатно производството датира од порано.

– Денес во Буково околу десетина семејства прават „буковска пипер“. Годишно, продукцијата е неколку стотини килограми, од кои околу 250 се „буковска пипер“ со извонреден квалитет. Пиперката е доста барана и за консумирање свежа во текот на летото, така што не се преработува целата произведена количина. Исто така, имаме два преработени производи, „мелена пипер“ за во манџа/готвење и „буковска пипер“ како зачин – за скара, со месо, за макање, објаснува мајката на Елена, Наташа Каровска.

буковец

„Буковецот“ се прави во зимските месеци, од две причини: цела есен пиперките се сушат надвор, во септеври и октомври, додека е уште топло. Кога почнуваат есенските дождови и зимскиот период, во ноември, пиперките се досушуваат во сушница и се толчат. Другата причина, е што во тој период луѓето се ослободени од другите земјоделски активности.

– Сушењето трае најмалку една до две недели. Ако пиперот се суши побавно, толку е подобро. Процесот во суштина е досушување на претходно природно исушените пиперки, во мала просторија, каде гори мала печка/ќумбе и тоа се применува за поголеми количини. Во минатото, пиперот се сушел во фурните, по печењето леб, со што најрационално се искористувала топлината од фурната, а и се добивал посебно убав мирис. Во таков случај, останувал да се суши околу 24 часа, вели Наташа.

Според неа, за жал, денес, многу мал дел од младите го познаваат целокупниот процес и им претставува предизвик да произведуваат пипер. Се е сведено на тоа дека само им помагаат на своите фамилии.

буковец

Да ги заштитиме традиционалните производи

Елена смета дека Македонија има и други производи со голем потенцијал, како „буковецот“, производи чија приказна, вели, вреди да се слушне подалеку од Македонија и од регионот. Воедно укажува на се почестите имитации – на производите што се продават под исти имиња, а се „лажни“.

–  На пазарот се продава Мариовско сирење, а во Мариово нема луѓе. Такви копирања се случуваат постојано. Исто, на пазарот во Битола каде што се продаваат зачините, пишува „буковска пипер“, но, јас, со оглед дека доаѓам од Буково, знам дека станува збор за имитација. Поради се ова, би било добро да ставиме што поголем број заштитени ознаки на нашите производи од различните региони. Се надевам дека ќе успееме и да ги регистрираме, а со тоа уште повеќе да ги промовираме, да го заживееме нивното производство и да ја зголемиме продажбата, потенцира Елена Каровска.

Мирјана Чакарова за МИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    170 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ