• Latest

Собрана над 1,5 тон облека во акцијата „Сите стоплени во зима“

February 1, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собрана над 1,5 тон облека во акцијата „Сите стоплени во зима“

February 1, 2018 10:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собрана е над 1,5 тон користена топла зимска облека во рамки на акцијата „Сите стоплени во зима“ на иницијативата Мрдни со прст – голема ревија на 15 водечки модни дизајнери со 24 јавни личности во улога на модели. Облеката ќе биде донирана на лица на кои им е најитно потребна.

Ревијата на 15 водечки македонски модни дизајнери, на која јавни личности ги претставија нивните модели со користена облека се одржа синоќа во Младинскиот културен центар во Скопје, со која заврши акцијата „Сите стоплени во зима“.

На модната ревија беа претставени креации на 15 македонски модни дизајнери, кои доброволно се вклучија во акцијата „Сите стоплени во зима“, мрднаа со прст и изработија креации со користена зимска облека, на која ѝ дадоа нов лик – Никола Булевски, Лидија Георгиева, Јасмина Дракуловска, Олгица Ѓорѓиева, Никола Ефтимов, Горан Костовски – Индог, Јана Манева Чупевска, Силвија Михајловска „Алшар“, Благој Мицевски, Антонија Ристовска, Нина Симовска, Емилија M. Ставрова „Ем Елефантски“, Ирина Тошева и Иван Петрушевски – Флим, Јована Филиповиќ и Јана Ацевска „Капка“.

Нивните креации ги претставија 24 јавни личности, кои исто така доброволно се вклучија во акцијата за да се собере што повеќе топла зимска облека, и тоа: Огнен Јанески, Јана Бурческа, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Куртишова, Јелена Богојевиќ, Дани Димитровска, Дарија Андовска, Леа Таки, Матеја Киселичка, Анастасија Данчевска, Јана Мишо, Сара Миленковска, Наташа Мијата, Елена Зисовска, Ана Петрушева, Сара Климовска, Соња Михајлова, Сандра Грибовска, Снежана Сани Богдановска, Анастасија Богдановска, Милена Атанасова, Ивана Павлаковиќ и Билјана Тануровска Ќулавковска.

 

Акцијата „Сите стоплени во зима“ започна во декември и до крајот на јануари беа собрани илјадници парчиња топла зимска облека, која преку организациите „Љубезност“ и „СОС Детско село“ ќе им биде подарена на нашите сограѓани на кои им е најпотребна.

Во поддршка на акцијата, Младинскиот културен центар го отстапи просторот за ревијата, DJ ГОЦЕ САФ се погрижи за атмосферата, „Кариера плус“ за шминката, а облека се собираше и во кафулињата „Љубов“ , „Радио бар“, „Мартини“, „Лед цепелин“, „Нано бар“, „Бај пас“, „Дежа ву Капитол мол“, „Лонг плеј“, „Винил“, како и во компаниите оне.Вип, Телеком, Халк банка и НЛБ банка.

Мрдни со прст е граѓанска платформа чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавањето на општествените прашања што сите нè засегнуваат, бидејќи секое мало мрдање придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и ги поттикна граѓаните да почнат да размислуваат за својот индивидуален придонес, како и активно да се вклучат во адресирањето или решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од „Мрдни со прст“

[divide]

Извор: МИА

 Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Tags: „Мрдни со прст“донацииСите стоплени во зима
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ