• Latest

Собранието го прифати предлогот на Владата да се донесат измените на Законот за минимална плата по скратена постапка

February 10, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го прифати предлогот на Владата да се донесат измените на Законот за минимална плата по скратена постапка

February 10, 2022 12:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата. Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, пренесува МИА.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, образложувајќи ја причината зошто законот треба да биде донесен по скратена постапка, рече дека не се работи за обемно законско решение. Предлог-законското решение, како што истакна, е во насока на заштита на семејниот буџет и подобрувањето на животниот стандард на работниците.

– Социјалниот дијалог во земјава е реалност. По одржани три седници на Економско-социјалниот совет и конструктивната дискусија, заедно, партнерски, го донесовме најопдржливото решение за утврдување на минималната плата. Тоа е потврда дека за најважните прашања во државата заедно со социјалните партнери ги носиме одлуките во интерес на работниците. Минималната плата од 18.000 денари и промената на методологијата за усогласување на минималната плата е она што го договориме со социјалните партнери со што се наметнува потребата од изменување и дополнување на Законот за минимална плата, рече Тренчевска.

Со Предлог-измените се менуваат критериумите за годишното усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Се предвидува и висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Заводот за статистика за претходната година.

– Овие измени ќе опфатат околу 80.000 наши граѓани кои со исплатата на мартовската плата во април ќе добијат покачување на платата од 15.200 денари на 18.000 денари. Земајќи ја во предвид состојбата со пандемијата и ударот која таа го предизвика врз економијата, државата излегува во пресрет и на работодавачите. За таа цел, Владата предвидува финансиска помош од Буџетот за периодот март-декември 2022 година за исплата на разликата во придонесите на нето зголемената минимална плата, појасни Тренчевска.

Пратениците од „Левица“ кои исто така имаа поднесено измени на Законот за минимална плата, го повлекоа нивниот предлог, најавувајќи дека ќе дадат поддршка на Предлог-измените поднесени од Владата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ