Собранието ги изгласа измените на законот за исплата на плати со кои сите вработени во јавната адмимистрација од овој месец, заклучно со платата од месец септември ќе добијат 5% покачување.
На гласањето и претходеше кратка дебата меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа кој се грижи повеќе за вработените.
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа покачување за 10 осто и обвинија дека некои вработени уште не добиле плата. А од мнозинството возвратија дека за прв пат оваа Влада ги покачува платите во континуитет и потсетија дека ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година изгласале едно покачување на платата, но тоа до 2014 се одлагаше и не се спроведе.
А. З.












