• Latest

Собранието ја почна 36. седница, а не седницата за пратенички прашања

March 25, 2021
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ја почна 36. седница, а не седницата за пратенички прашања

March 25, 2021 12:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да не се отвори седницата за пратенички прашања, туку 36-тата на чиј дневен ред се мерките од петтиот економски антикризен пакет, предложи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ваквиот предлог Џафери го стави на гласање и доби поддршка од 53 пратеници. Притоа, никој во салата не гласаше против, ниту воздржано. По куса расправија, 36. седница почна.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во ова препозна обид за, како што рече, замолчување на опозицијата и одржување криминална седница.

-Дали сте свесни дека денеска правите преседан што го нема направено ниту еден претседател на Собранието до денес? Мислев дека сте многу посериозен од она што се обидувате да го направите – да свикате криминална седница и да ги спречите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поставуваат пратенички прашања. Граѓаните сакаат да слушнат одговори од власта. Нема да дозволиме сите овие спинови и кршења на Деловникот да ги правите. Ветувавте дека имате стабилно мнозинство, а јас реков дека нема да ви правиме кворум на седниците посебно не за штетните закони. Продолжувате да се однесувате како да имате 100 пратеници, а не 62. Имавте можност пакетот мерки да го донесете на 3 март кога си самоизгласавте самодоверба. Затоа, да не ја обвинувате опозицијата, ваша е одговорноста, истакна Мицевски.

Тој побара од Џафери и да го цитира членот од Деловникот врз основа на кој одлучил да ја прекине седницата.

На тоа Џафери рече дека тој не одлучил, туку дека постапува врз основа на прописите, но и барањата кои опозицијата ги изнесувала преку фејсбук и на прес-конференции, посебно изминатите неколку дена.

-Јас сум практичар што спроведува пропис, а тоа дали ми се допаѓа прописот или не, е друга работа. Деловникот дава надлежност да ги свика седниците и да предлага дневен ред, а конечната одлука за изгледот на дневниот ред е одлука на пленумот. Ако пленумот одлучи, тоа  е моја обврска да ја спроведам. За да останам доследен на она што го зборувам, предлагам денеска да не почнеме со пратенички прашања во рок од еден час, да ја свикам веднаш 36. Седница до донесување на дневен ред да работиме на неа. Кој ќе биде составот на дневниот ред ќе биде ваша одлука, тука да се прекине за да се отвори пат да се остварат пораките што ми се праќаат по ФБ дека би биле подготвени сите да се донесат законите од економската сфера за пакетот мерки. Конечниот мој предлог е наместо пратенички прашања, да ја отворам 36. седница, истакна Џафери.

Поддршка за почнување на 36-тата пред седницата за пратенички прашања даде координаторот на СДСМ, Јован Митревски и повика и на разум.

-Одговорноста е на сите пратеници. Ако треба ќе се повлечеме и од поставување пратенички прашања.  Како Собрание сме должни час поскоро да им излеземе во пресрет на граѓаните и компаниите поради пандемијата. Седницата да им се помогне на граѓаните и фирмите, не е криминална седница. Жал ми е што опозицијата три дена покажува наводна загриженост, за денеска да каже дека за нив пратеничките прашања се поважни од тоа што е помош за граѓаните. Оваа наводна грижа на опозицијата ќе се потрвдеше ако не ја напуштевме седницата кога се носеше Буџетот за 2021, истакна Митревски.

Мицевски потоа побара еден час пауза, а пратениците од опозицијата ја напуштија салата.

Претходно, претседателот на Собрание Џафери информира дека за денеска нема да свика друга седница, бидејќи како што рече на брифингот, веќе е закажана седницата за пратенички прашања, која се одржува секој последен четврток во месецот.

Најавената средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Ахмети се уште не е одржана, а како што кажа Џафери, за нејзината содржина јавноста ќе биде дополнително информирана.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ