• Latest

Собранието ќе одлучи дали ќе отпочнеме преговори со ЕУ

July 5, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието ќе одлучи дали ќе отпочнеме преговори со ЕУ

July 5, 2022 18:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ и ќе донесе заклучоци откако Владата до пратениците ќе го достави европскиот предлог, билатералниот протокол и уште еден документ, изјави денеска претседателот на Владата Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Ковачевски информираше дека откако ќе заврши консултативниот процес за европскиот предлог, билатералниот договор и уште еден документ ќе бидат испратени во Собранието и дека координаторите на пратеничките групи и претставници на други партии ќе разговараат за овие предлози. Тие, како што рече тој, треба да донесат одлука и заклучоци и ќе и дадат задолженија на Владата тоа да го споведат.

-Во Собранието се застапени претставници на сите парламентарни политички партии и тие таму ќе имаат состаноци на коишто ќе учествуваат нормално претставници од нивните редови и коишто треба да расправаат по однос на заклучоците во врска со европскиот предлог којшто го имаме добиено од ЕУ. Сметам дека и претседателот Мишел беше многу јасен во својата експликација дека ние имаме предлог којшто ни овозможува веднаш започнување на преговорите со ЕУ. На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги почнеме преговорите и со какви заклучоци и за тоа треба да разговараат претставниците на политичките партии, тоа се искусни членови на Парламентот и како такво да го дадат на Владата да го спроведе и да го операционализира во врска со одлуката која што Собранието ќе ја донесе, рече Ковачевски. 

Европскиот предлог, потенцира тој, е предлог на 27 земји – членки на ЕУ, а тука со нас на прес-конференција и гостин на државата денес е претседателот на Европскиот совет во којшто членуваат сите лидери на тие 27 – земји.  

Премиерот кажа дека европскиот предлог не бил предмет на разгледување на денешната седница на Владата, на која беше најавено и присуство на претседателот на ЕС Мишел.

-Секој граѓанин може да го види предлогот што ги вклучува и пратениците, односно членовите на Парламентот. На ресорните министри е да го објаснат тоа на граѓаните кои преку медиумите сакаат да се информираат за детали во однос на доставените документи. Граѓаните во оваа држава се претставени преку свои народни избраници, преку членови на Парламентот. Тие народни избраници согласно своите уставни надлежности ја носат одлуката, носат заклучоци и даваат задолжение на Владата која што како извршна власт треба тоа да го спроведе, повтори Ковачевски на прес-конференцијата.

Не се работи дали претседателот Мишел ќе убеди некого, дали претседател на влада ќе убеди некого, дали министер ќе убеди некого, потенцира премиерот, работата е претставниците на народот, политичките партии, пратениците во Собранието да донесат одлука дали државата ќе отпочне преговори со ЕУ или државата нема да отпочне преговори со ЕУ и тоа е одлуката која што е пред нас.   

Претседателот на Европскиот совет Мишел, кој според премиерот изразил желба да дојде во Скопје, денеска во Собранието ќе има средба со спикерот Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во однос на владината коалиција, имајќи предвид дека три партии не се согласуваат со овој предлог, беше дециден дека коалицијата е стабилна и посочи дека денеска имаше седница на Влада на која биле присутни сите министри.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ