• Latest

„Советот на мажи“ на ДУИ не им дава доверба на жените на високи извршни функции

March 9, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Советот на мажи“ на ДУИ не им дава доверба на жените на високи извршни функции

March 9, 2021 13:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Застапеноста на жените во јавниот живот, особено во политиката, сè уште не е на задоволително ниво. И покрај постојаните повици за родова еднаквост и соодветна застапеност се чини дека тоа во Северна Македонија, која е кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), не се сфаќа сериозно. Државните институции и високите позиции ретко им се доверуваат на функционерки. А пак, рекордот за незастапеност на жените во владата го држи Демократската унија за интеграција, пишува Порталб.мк.

Во 8-те владини состави во кои ДУИ е дел од 2002 година, оваа партија нема назначено ниту една жена на позицијата министерка. Во меѓувреме, функцијата заменик – премиер и беше доверена само еднаш на една жена, Теута Арифи, која остана на оваа позиција 3 години. Така, низ годините, на списокот министри предложени и избрани од оваа партија, гледаме само машки имиња.

2002

  • Муса Џафери – вицепремиер за политички системи
  • Исмаил Дардхишта – министер за правда
  • Милаим Ајдини – министер за транспорт и врски
  • Реџеп Селмани – министер за здравство
  • Азис Положани – министер за образование

 

2004 (јуни)

  • Муса Џафери – вицепремиер за политички системи
  • Иџет Мемети – министер за правда
  • Агрон Буџаку – министер за транспорт и врски
  • Реџеп Селмани – министер за здравство
  • Азис Положани – министер за образование

 

2004 (декември)

  • Муса Џафери – вицепремиер за политички системи
  • Фатмир Бесими – министер за економија
  • Азис Положани – министер за образование
  • Џемали Мехази – министер за транспорт и врски
  • Садула Дураку – министер за земјоделство
  • Ризван Сулејмани – министер за локална самоуправa
  • 2008
  • Абдилаќим Адеми – заменик премиер за спроведување на Охридскиот договор
  • Фатмир Бесими – министер за економија
  • Џелал Бајрами – министер за труд и социјална политика
  • Бујар Османи – министер за здравство
  • Муса Џафери – министер за локална самоуправа
  • Неџет Јакупи – министер за екологија

 

2011

  • Муса Џафери – вицепремиер за Охридски договор
  • Теута Арифи – вицепремиер за европски прашања
  • Фатмир Бесими – министер за одбрана
  • Блерим Беџети – министер за правда
  • Ваљон Сарачини – министер за економија
  • Невзат Бејта – министер за локална самоуправа
  • Абдилаќим Адеми – министер за екологија

 

2014

  • Муса Џафери – вицепремиер за Охридски договор
  • Фатмир Бесими – вицепремиер за европски прашања
  • Аднан Јашари – министер за правда
  • Беким Незири – министер за економија
  • Абдилаќим Адеми – министер за образование
  • Лирим Шабани – министер за локална самоуправа
  • Нурхан Изаири – министер за екологија

 

2017

  • Хазби Лика – вицепремиер за Охридски договор
  • Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања
  • Булент Салиу – министер за правда
  • Крешник Бектеши – министер за економија
  • Садула Дураку – министер за екологија

 

2020

  • Бујар Османи – министер за надворешни работи
  • Фатмир Бесими – министер за финансии
  • Крешник Бектеши – министер за економија
  • Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација
  • Насер Нуредини – министер за екологија
  • Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем

Што се однесува на застапеноста во Собранието, жените од оваа партија се повеќе застапени отколку во Владата. Сепак, бројот на пратеници избрани да го претставуваат народот во Собранието останува мал. Оваа партија имаше најмногу пратенички за време на парламентарниот состав 2014 – 2016 година, при што од вкупно 16 пратеници 6 беа жени. Исто така, во сегашниот состав има 6 пратенички:

2002-2006 – 15 пратеници

  • Назлие Даути
  • Селвије Салиу
  • Семијал Хасани
  • Теута Арифи

2006 – 2008 година – 13 пратеници

  • Теута Арифи
  • Зимрете Јакупи
  • Селвије Салиу
  • Ајше Селмани

2008 – 2011 – 18 пратеници

  • Ермира Мехмети
  • Зимрете Јакупи
  • Јулијета Марку
  • Теута Арифи

2011 – 2014 – 14 пратеници

  • Вјолца Мехмети – Нуредини
  • Дешира Имери
  • Ермира Мехмети
  • Јулиета Марк
  • Сузана Салиу
  • Хајрије Мисими

2014 – 2016 – 16 пратеници

  • Вјолца Мехмети – Нуредини
  • Калтрина Азизи
  • Мирсада Емини – Асани
  • Нора Алити
  • Селвије Салиу
  • Шпреза Хадри

2016 – 2020 година – 10 пратеници

  • Мирсада Емини – Асани
  • Нора Алити
  • Селвије Салиу
  • Шпреса Хадри

2020 – 2024 – 15 пратеници

  • Арта Билали Зендели
  • Вјолца Адеми
  • Мерита Коџаџику
  • Рина Ајдари
  • Фиснике Бектеши – Шаќири
  • Арбана Пашоли

Потсетуваме, според постојниот Изборен законик, списоците со кандидати за пратеници се затворени, односно кандидатот не се гласа директно. На овој начин, албанските политички партии ги претпочитаат мажите на списоците со кандидати за пратеници. Покрај со најголемиот број кандидати за пратеници, мажите доминираат и на позицијата носител на листа. На овој начин, албанските политички партии ги претставуваа жените како втора категорија. На последните парламентарни избори, од списоците на кандидати со кои се натпреваруваше ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и ДПА, во шесте изборни единици, носител на листа беше само една жена кандидат.

Според податоците на Државниот завод за статистика, за дипломирани студенти за 2018 година, вкупно 7.847 студенти имаат завршено државни институции за високо образование, а од нив 4.549 биле студентки. На државните институции за високо образование завршиле вкупно 5.845, од кои 3.677 студентки, додека во приватните дипломирале 2.004 од кои 868 студентки.

Овие податоци покажуваат дека земјата не се соочува со недостаток на квалификуван женски кадар, туку дека политичките партии сè уште не сакаат да им доверуваат високи позиции на жените.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ