• Latest

Спасовски и Жерновски на средба со Филипо Гранди: Северна Македонија е пример за регионот и пошироко

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и Жерновски на средба со Филипо Гранди: Северна Македонија е пример за регионот и пошироко

October 8, 2019 11:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во седиштето на ОН во Женева, делегацијата од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во чиј состав е и заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска одржаа билатерална средба со високиот комесар за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди.

Како што соопшти МВР, на средбата особено позитивно беше оценета досегашната соработка на УНХЦР и Република Северна Македонија и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците.

-За време на разговорите беа отворени и темите за тековната ситуација со мигрантите, предизвиците поттикнати од бројните конфликти кои резултираат во раселувања од огромни размери и присилното движење на население и пролонгираната хуманитарна криза која е во тек, се наведува во соопштението.

Министерот Спасовски, се посочува, на состанокот го информираше комесарот Гранди за ратификацијата на Конвенцијата на ООН од 1961 година за намалување на бездржавјанството и пристапување на Република Северна Македонија кон овој меѓународен инструмент.

-Ова прашање е висок приоритет на Владата на Република Северна Македонија како дел од Акцискиот план за имплементација на Целите за одржлив развој и исполнувањето на фундаменталното начело – не оставај никој зад себе, исто како што е високо на агендата на УНХЦР и на актуелниот Генерален секретар на ООН, истакна министерот Спасовски.

Тој потенцираше, се додава, дека Владата на Република Северна Македонија и понатаму ќе продолжи посветено, своите политики да ги креира и спроведува, почитувајќи ги основните права и слободи на човекот и граѓанинот.

Заменик мнистерот Жерновски го искажа ставот дека како земја сериозно го следиме овој сегмент, ја потенцираше важноста на меѓународната соработка како и максимизирањето на напорите и ресурсите во одговорот на ситуацијата на бегалците која го зафати светот.

-Способноста на државата да се справува со овие тешки прашања е она што ја прави Република Северна Македонија сериозен меѓународен партнер. Кон ваквите политики се стремиме, тоа се базичните вредности на Европа, но и на светот, нагласи заменик министерот, Жерновски.

Високиот комесар за бегалци на ОН Гранди ја поздрави ратификацијата на Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството потенцирајќи дека можеби ова е мал чекор за Република Северна Македонија, но голем за Обединетите нации.

Комесарот Гранди, се посочува, ја поздрави храброста и одлучноста со која Северна Македонија го реши отвореното прашање за името со Република Грција и посочи дека Северна Македонија е позитивен пример за регионот и пошироко.

Гранди истакна дека особено се ценат напорите што нашата држава ги вложува во поглед на бегалците, а го претстави и Глобалниот компакт за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството. Истотака, тој ја истакна подготвеноста на ОН да и дадат помош и поддршка во процесот на усогласување на закнодавството и преговорите за сегментите од поглавјата кои ги опфаќаат прашањата на азил и миграција.

-На средбата беше заклучено дека соработката меѓу Северна Македонија и УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат најсоодветни решенија за институционално-правната рамка за евидентирање на сите лица, на кои треба да им се обезбеди основната лична документација за да се стекнат со правен статус, кој потоа ќе им ги обезбеди сите права што ги имаат и сите други граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението од МВР. 

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ