• Latest

Спасовски: Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши за да се видат сите аспекти

April 7, 2021

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски: Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши за да се видат сите аспекти

April 7, 2021 12:26
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека најверојатно ќе се прошири истрагата по вчерашното приведување полициски службеници вклучени во фалсификување патни исправи за да се видат, како што вели, сите други аспекти поврзани со овој случај. Еден од уапсените, според Спасовски, имал контакт со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Според сознанијата и индициите, јас тоа го кажаувам заради тоа што навистина се на контакт и дел од документите што ги има во опозициската партија се од тука“, рече Спасовски во гостување на Утрински брифинг.

Акцијата ја забрзале заради, како што рече, деконспирацијата, а не заради настапот на опозицијата.

„Лидер на опозицијата и опозициска партија кои постојано излегуваат и прават заштита на крупни криминалци во државата и одеднаш сега се појавува дека е партија која демек стимулура борба против криминал и корупција. Од една страна демек стимулира борба против криминал и корупција за вакви случаи, а од друга страна имавме прилика да видиме како влегуваат во заштита на крупни риби како што ги нарекуваат тие“, дополни Спасовски.

Вистинско прашање во оваа ситуација, вели, е кој сакаше да направи саботажа во оваа акција и кој сакаше да направи таа да не успее.

Имаме, појасни, истрага која ја водиме повеќе од година, во која се вклучиле нашите стратешки партнери, Интерпол, со кои заеднички работевме на сите тие докажувања во таа постапка и во еден момент во јавност се излегува преку брифирање за одредени теми, јас не можам друго да заклуичам освен дека можеби се работи за саботажа.

Прашан дали е нормално две години да трае ваква операција, наведе дека во 2019 година првпат по согледувањата поставиле барање до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, по што откако оттаму им укажале дека не е во нивна надлежност, предметот е однесен во Основното јавно обвинителство Скопје и почнале сите дејствија за обезбедување на потребните докази.

„Има многу мерки кои се спроведени во рамки на истрагата за кои наредби се издадени од страна на обвинител. Која било кривична постапка ја води обвинителот според Законот за кривична постапка и оттаму се добиваат сите мерки. Ние можеме претходно да добиеме оперативни податоци, сознанија, итн, но доколку тие се прибават на начин што е пропишан во закон не може да се користат како докази“, појасни Спасовски.

Без оглед на тоа за каква операција се работи, укажа, не секогаш е важно „во првиот момент кога ќе осознаете да прекинете, туку е важно да дојдете до што е можно поголем круг на луѓе кои го правеле тоа, односно да го видиме патот по кој се движи“.

„Заради тоа е и вклучувањето на нашите стратешки партнери и на Интерпол, да видиме каде тие се движат, зошто ги користат овие патни исправи. Тоа е опсежна меѓународна акција“, додава министерот.

Внатре во институцијата, дополни, кругот е затворен. Сега ќе одат најверојатно со проширување на истрагата со цел да се согледаат сите други аспекти што се поврзани со овој случај.

„Идејата беше заедно со обвинителот да се реализира акцијата заеднички во другите земји, меѓутоа заради овој обид би рекол на саботажа ние го пресековме тој канал и за среќа е завршена успешно акцијата“, додаде министерот за внатрешни работи.

Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица вработени во МВР кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за лица странски државјани, употребувајќи туѓ идентитет на државјани на Република Северна Македонија, кои до моментот на издавањето не поседувале биометрски лични документи. Од овие лица девет се приведени и во текот на денов ќе бидат предадени на надлежното обвинителство и надлежниот суд, а по лицето кое вчера не беше пронајдено во својот дом ќе се трага./МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Неколку украински деца киднапирани од Русите насилно испратени во Северна Кореја, илјадници испратни во руски кампови за милитаризација и русификација

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Многу врева за ништо

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ