• Latest

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со современите глобални безбедносни ризици

April 20, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со современите глобални безбедносни ризици

April 20, 2021 18:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право – поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Истовремено, во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам, во секое општество сè поприсутен е и феноменот на радикализација, во кое слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи и го менуваат своето однесување, од политички активизам до примена на насилни средства и методи, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во излагањето на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Во онлајн вклучувањето на конференцијата што се одржа денеска во Виена, во организација на Шведска, како годишен претседавач со ОБСЕ, на тема „Зајакнување на сеопфатен пристап за спречување и борба со тероризам и насилен екстремизам и радикализација кои водат до тероризам во променливи околности“, Спасовски посочи дека градењето на ефикасни стратегии и политики нужно подразбира идентификување на условите во кои тие се јавуваат, како и начините на нивно манифестирање, согласно актуелните трендови.

-Како одговор на безбедносните ризици и предизвици, Република Северна Македонија постојано ги надоградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот со цел јакнење на меѓународната, регионалната а и националната безбедност, рече Спасовски.

Тој додаде дека за справување и превенирањето на појавите на насилен екстремизам и тероризам се планираат и преземаат интензивни мерки и дејствија на национално ниво, преку координација на 22 различни институции во рамките на Националниот комитет за сузбивање на насилен екстремизам и радикализам и борба против тероризам, како и во рамките на МВР, односно Бирото за јавна безбедност, преку функционирањето на формираниот посебен Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во чиј состав функционира и Одделението за превенција.

Притоа, министерот за внатрешни работи посочи на тековни активности, почнувајќи од оние на локално и регионално ниво, организирани и реализирани од мултидисциплинарни тимови, потоа преку интензивна соработка на полицијата со локалните заедници, особено, како што рече, со специфични целни групи (младите, верските заедници, здруженијата на граѓани и.т.н), како и со иницирање и спроведување проекти засновани на интерактивност и мултидисциплинарен пристап кон поединци или ранливи групи, за кои според усвоените индикатори е констатирано дека се можна цел на индоктринација или регрутација.

-Во насока на справување со глобалните безбедносни предизвици, МВР преку своите надлежни служби активно партиципира и соработува со меѓународни организации и институции во размената на податоци од безбедносен интерес, за прашања кои ја засегаат европската безбедност, потенцираше министерот Спасовски, притоа нотирајќи ја меѓународната димензија на овие феномени, која што, како што рече, укажува дека ниедна држава не може сама да одговори на овие глобални безбедносни предизвици.

Оттаму, според Спасовски, ефикасната превенција и сузбивањето на појавните облици на овие феномени подразбираат координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците. Унапредувањето на овој вид соработка, рече, овозможува реално димензионирање на појавите и тенденциите на глобалните безбедносни феномени и благовремена реакција за нивно спротивставување.

-Во Република Северна Македонија е високо подигната свеста за потребата од мултидисциплинарен пристап и делување на локално, регионално и национално ниво при справување со насилниот екстремизам и радикализацијата, кои водат кон тероризам. Паралелно со овие активности, со промовирањето и развивањето на концептот „Едно општество за сите“ и на политичко ниво се делува во насока на ублажување или целосно отстранување на условите погодни за развој на овие појави, нагласи министерот Спасовски на крајот од своето обраќањена конференцијата на ОБСЕ.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ