• Latest

Српски „Курир“: Со „Отворен Балкан-ИД“ од септември во Србија доаѓаат 30 000 работници од Северна Македонија и Албанија

August 9, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Српски „Курир“: Со „Отворен Балкан-ИД“ од септември во Србија доаѓаат 30 000 работници од Северна Македонија и Албанија

August 9, 2022 13:11
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Наскоро, граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери. Како што пишува српски „Курир“, „околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи“, јави дописникот на МИА од Белград.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Северна Македонија и во Албанија.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, според експертите, целиот наш регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи полесно ќе најдат работници што им недостасуваат.

Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ за Курир изјави дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Северна Македонија и Албанија.

-Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и  во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори, бидејќи побрзо и полесно ќе се дојде до работници, а тоа е една од причините тие да инвестираат во овој дел од Европа, кажа Јовановиќ.

Небојша Атанацковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија оцени дека поголем број работници ќе им бидат од корист на работодавците за работни места кои вообичаено се секогаш испразнети.

– Мислам дека граѓаните на Северна Македонија и Албанија во рамките на „Отворениот Балкан“ ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас, бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност конечно да ги пополнат позициите за кои подолго време не можат да најдат соодветна работна сила. Ни недостигаат сите профили на занаетчии во градежништвото, заварувачи, потоа сите работници во угостителството и туризмот и за сезонски работи. Очекуваме од септември да пристигнат околу 30.000 работници, изјави Атанацковиќ за Курир.

Советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Ненад Ѓурѓевиќ кажа дека веќе подолг период има недостиг на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Тој додаде дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои ланци на Далечниот Исток ја разгледуваат можноста производството да го доближат до матичните компании во Западна Европа.

– Како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков тип на работа, оцени Ѓурѓевиќ.

Тој наведе дека ПКС нема прецизни податоци колку работна сила недостига, но наведе дека има потреба од работници за сезонски работи и во меѓународните компании кои работат овде.

-Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји и од одредени земји на ЕУ, така што овој недостиг некако се компензира, но има потреба да се регулира, овие луѓе да имаат здравствено осигурување и да им тече стажот, нагласи Ѓурѓевиќ.

Просечната плата во Србија изнесува 631 евро.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ