• Latest
Фото: МИА архива

Стано: Русија продолжува да ја користи храната како оружје

October 10, 2024

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Стано: Русија продолжува да ја користи храната како оружје

October 10, 2024 19:07
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Со нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, Русија продолжува да ја користи храната како оружје и да го попречува снабдувањето со храна на луѓето на кои таа им е најпотребна, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Изминативе денови ескалираа руските напади врз цивилните бродови во Црното Море што превезуваат украинско жито, дополнително поткопувајќи ја глобалната безбедност на храната и слободата на пловидбата, рече Стано.

Според него, сите овие напади се надополнување на обидите на Русија за уништување на складиштата со житни култури во Украина и на пристанишната инфраструктура со секојдневни целни напади, како и на кражбата на украинско жито.

– Овие акти се доказ дека Русија е решена дополнително негативно да влијае на глобалната безбедност на храната, не толку во Украина или во Европа, туку за ранливите категории луѓе во земјите од Азија, потенцира Стано.

Тој посочи дека вчера во украинското пристаниште Одеса со балистички ракети беа погодени два брода, едниот од Панама, а вториот од Палау, при што загинаа најмалку седум лица, а 11 беа повредени.

– Пред неколку дена беше нападнат и брод од Сент Китс и Невис, а минатиот месец Русија ракетираше брод што превезуваше жито за Египет, а претходно и за Турција. Дури и брод од Турција беше цел на овие напади, иако Путин тврди дека сите овие земји се пријателски настроени (кон Русија), рече Стано.

Тој нагласи дека ваквите постапки на Москва се одговор на сите оние кои тврдат дека е можен мир со рускиот претседател Владимир Путин и ги повика сите земји во светот да ги осудат овие напади врз слободата на пловидбата и глобалната безбедност на храната, како и да извршат притисок врз Русија за запирање на нападите и на илегалната агресија врз Украина.

Фото: МИА Архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ