• Latest

Стеменкова: Преку моето транспарентно работење се борам против лажните вести и дезинформации

November 19, 2019
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стеменкова: Преку моето транспарентно работење се борам против лажните вести и дезинформации

Ниту Општина Македонска Каменица, не е имуна на лажни вести и дезинформации. Стеменкова посочи дека се специфични кампањите на жените кандидати за градоначалник што довело со соочување со негативна кампања против неа исполнета со говор на омраза и омаловажување на жената како личност

November 19, 2019 17:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година, градоначалниците имаа прилика за отчет на сработеното во нивниот двегодишен мандат по локалните избори од 2017 година.

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стеменкова, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за начинот на спроведување на транспарентни и одговорни политики во општината, како граѓаните се информираат за активностите на Општината, и за односот меѓу локалната и централната власт.

„Она што најмногу го забавува развојот на Општината е недостатокот на стратешки документи. Како прва и основна задача си дадовме за цел да ги изготвиме стратешките документи. Во тек е подготовка на два стратешки документи, а продолжуваме со стратегијата за млади, за туризам… Секогаш се може повеќе. Колку и да сметаме дека сме направиле максимум што сме можеле секогаш останува простор дека сме можеле многу повеќе. Но, најважно е да се задоволат потребите на граѓаните, но и да се постави точна дијагноза на проблемот, за да полесно се дојде до решението“, изјави Стеменкова, задоволна од сработеното во две години градоначалнички мандат.

Стемекова се пофали дека во однос на транспарентноста и одговорноста на политиките што ги спроведува како градоначалничка.

„Со почетокот на мојот мандат затекнавме една општина која од над 80 општини, со години беше на 50 место по транспарентност и претпоследна во Источниот плански регион. Оваа година резултатите покажуваат сосема поинаква слика. Бевме на второ место, сега сме на прво место во регионот по транспарентност, додека на ниво на државата сме на 13 место. Ќе се залагаме да се качиме на уште повисоко на државно ниво, затоа што ветивме транспарентна општина, транспарентно работење и граѓаните заслужуваат да знаат каде се трошат нивните средства. Она што ми е чини особено задоволство е што го видовме недостатокот, ангажиравме лице што е задолжено за објавување на годишните планови, постапките, јавните набавки, на сето она што ја чини Општината транспарентна. Она што ни недостига освен стратешките документи се и ISO стандардите. Станавме членка на Институтот за стандардизација. Во план сме да ги искористиме целосно капацитетите на Институцијата за да ги донесеме и овие сертификати во општината“, изјави Стеменкова.

Ниту Општина Македонска Каменица, не е имуна на лажни вести и дезинформации. Стеменкова посочи дека се специфични кампањите на жените кандидати за градоначалник што довело со соочување со негативна кампања против неа исполнета со говор на омраза и омаловажување на жената како личност.

„Секогаш ја наоѓам позитивната страна на она што се пишува, ја извлекувам поентата и ја пласирам во јавноста. Да, се соочувам со лажни вести и критики, но како градоначалник и со моето работење, преку транспарентноста, давам можност секој да процени дали тие вести се вистините или не. Избегнувам да се конфронтирам, затоа што тоа на луѓето што ги пласираат тие лажни вести им дава материјал да продолжат и понатаму“, дополнува Стеменкова, која инаку по вокација е психолог.

Стеменкова секогаш е отворена за граѓаните, сметајќи дека доколку луѓето одвоиле од своето време 5 до 10 минути, тогаш тоа е најмалку што од неа се очекува. Таа е задоволна од релацијата локална – централна власт.

„Со самото стапување на оваа функција, бев подготвена да се соочувам со критики, отколку со пофалби… Мојата филозофија е отворен пристап кон луѓето, разговарање и кажување на вистината“, истакна Стеменкова.

Симона М. Живкова
обработка на текст: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ